Македонија
За три дена 210 нови случаи на ковид во Македонија, нема починати лица
Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 30.04 до 02.05.2022) направени се 4.620 тестови, а регистрирани се 210 нови случаи на Ковид-19: Скопје –85, Битола – 51, Прилеп – 14, Кавадарци – 8, Охрид и Штип – по 7, Струмица – 6, Гостивар, Делчево и Берово – по 4, Куманово, Тетово, Велес и Кичево – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Струга, Неготино, Пробиштип и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (210), регистрирани се 32 реинфекции.
Регистрирани сe 140 оздравени пациенти од: Скопје – 73, Битола – 23, Велес – 8, Куманово, Кавадарци и Штип – по 5, Кичево – 4, Прилеп, Гостивар и Струмица – по 3, Тетово и Гевгелија – по 2, Охрид, Неготино, Кратово и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 30.04 до 02.05.2022),нема пријавено починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин,нема пријавено починати лица.
Направени се 4.620 тестови преку: ИЈЗ-195, ЦЈЗ Скопје-141, ЦЈЗ Битола-115, ЦЈЗ Прилеп-42,ЦЈЗ Тетово-19,ЦЈЗ Куманово-39,Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0,Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–104,Жан Митрев (Филип Втори)-57,Авицена-68, Биотек-168, Систина-73, лабораторија Лаор-64,Синлаб-4, Ремедика-16, Плодност-42, Генеа-28,Никоб Лаб-375, ВФВ Медикал-17,Ели МедикаПлус-41, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–38,ЖанМитрев Струмица–7,Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-70, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 2.876.
Досега во земјата се направени вкупно 2.022.649 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.769, бројот на оздравени пациенти е 299.865, на починатие 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 624.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145611, Активни 283
Куманово 16632, Активни 8
Битола 15367, Активни 146
Прилеп 14150, Активни 28
Тетово 13449, Активни 8
Кавадарци 10639, Активни 22
Велес 9765, Активни 8
Гостивар 9579, Активни 6
Охрид 8844, Активни 23
Струмица 8056, Активни 8
Штип 8028, Активни 18
Кичево 5621, Активни 16
Кочани 5074, Активни 3
Струга 4716, Активни 2
Гевгелија 4401, Активни 3
Неготино 3678, Активни 3
Ресен 2719, Активни 7
Свети Николе 2626, Активни 2
Радовиш 2528, Активни 0
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1975, Активни 5
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1659, Активни 16
Валандово 1485, Активни 0
Виница 1391, Активни 3
Пробиштип 1266, Активни 1
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 965, Активни 2
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 830, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 346, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

