Македонија
За укинување на притворот на Јовановски ќе одлучува судијата кој ѝ одобри на Јанева да оди во куќен притвор
Судијата Зоран Димитриевски, кој одлучи Катица Јанева да излезе од притвор и да оди во куќен притвор, сега заедно со уште двајца судија од Апелација ќе одлучува дали првообинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, ќе добие поблага мерка за обезбедување присуство.
Дуковски смета дека советот од Кривичниот суд го продолжил врз основа неважни факти. Тој ги потсети судиите дека тие претходно донеле одлука Јанева да оди во куќен притвор, а истите проблеми ги има и неговиот клиент. Адвокатот на Јовановски вели дека има нееднаквост во постапката бидејќи за шест месеци неговиот клиент секој трет ден се носи во болница.
„Има несериозен пристап за продолжување на притворот од страна на кривичниот совет. Брутално се крши начелото за пресумција на невиност бидејќи советот нема задача да носи одлука според степенот на кривичното дело, а во тек е главна расправа. За ова ќе паднат на испит на Правниот факултет. Не може ако некој одлучил да се жени или мажи, тоа да биде отежителна околност. Не е ниту точно дека Јовановски нема имот. Јовановски за шест месеци се носеше 55 пати во болница, односно секој трет ден. Беше хоспитализиран седум дена во болница. И пак е вратен во затворот“, рече Дуковски презентирајќи ја документацијата за здравствената состојба.
Вишото обвинителство, пак, дало негативно мислење за укинување на мерката притвор на Бојан Јовановски бидејќи во целост се исполнети условите за продолжување на мерката.
Кривичниот суд при определување на притворот посочил дека поблага мерка за Јовановски не може да се изрече поради предвидената казна, но и материјалниот и семејниот статус на првообвинетиот во „Рекет“.
„Основаноста произлегува од видот и карактерот на кривичното дело, казна што се заканува, соочување за можноста ефективна казна затвор, со што постои реална опасност од бегство. Материјалните и семејните околности исто така се земени предвид. Тој нема недвижен имот на негово име, често патува во странство“, пишува во изреката од пресудата за продолжување на куќниот притвор од страна на Кривичниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

