Македонија
За 10 години поддршката за ЕУ намалена за речиси 20 проценти

Поголем дел од граѓаните – 62 отсто го поддржува процесот на зачленување на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), покажува заедничкото истражување на Институтот за демократија и локалната канцеларија на Фондацијата Конрад Аденауер.
Резултатите од анализите потврдуваат дека се` уште има голема разлика во поддршката кон ЕУ меѓу двете најголеми етнички групи – 56 отсто од испитаниците Македонци се `за` во Унијата, додека тој процент кај Албанците е многу поголем – дури 82, пренесе „Гласот на Америка“.
43 отсто од граѓаните мислат дека дека опструкциите од соседните земји се најголемата пречка за напредокот на земјата. 20 проценти од испитаниците се `за` уставни измени, додека другите се поделени за статус-кво, повлекување од процесот и промена на преговарачката рамка.
Иако поддршката за влез во ЕУ од 62 отсто се` уште е висока, кога ќе се спореди со ситуацијата од пред десет години, се забележува надолен тренд. Во 2014, дури 80 проценти биле „за“ земјата да стане дел од Унијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО во посета на касарната “Илинден”

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО кои се во неколкудневна посета на нашата земја, денеска заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски ја посетија касарната „Илинден“ во Скопје.
Делегацијата беше пречекана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, како и високи претставници на Министерството за одбрана и Армијата.
За време на посетата, членовите на ПК на НАТО, имаа можност да проследат неколку показни вежби на Армијата со кои се прикажа обученоста на припадниците на Армијата при изведување на комплексни сценарија. Во Домот на Армијата беа брифирани за развојот на македонската Армија и одбраната „Оваа годишнина служи како потсетување дека нашето место во Алијансата е резултат на повеќе децениски труд, а нашата иднина е изградена на принципите на колективна одбрана, солидарност и соработка“ истакна генералот Лафчиски.
Македонија
Мицкоски на увид во Тетово: Изграден е нов дел од булеварот Видое Смилевски- Бато

Премиерот Христијан Мицкоски и членови на Владата денес беа во увид во градежните активности на проектот „Изградба на булевар Видое Смилески Бато – I фаза“, на потегот од Фуштанска до село Порој, во Општина Тетово.
Мицкоски по тој повод изјави дека овој значаен инфраструктурен проект опфаќа изградба на коловоз, разделен појас, тротоари, како и комплетна подземна инсталација, фекална и атмосферска канализација, водовод и електрика.
Булеварот ќе биде долг 1.783 метри, а со првата фаза успешно се реализираат 650 метри.
Заклучи дека ова е уште еден чекор кон модерна, безбедна и урбано уредено Тетово, а Владата се грижи за граѓаните преку реализација на капитални проекти кои значат подобар живот, побезбедна инфраструктура и подобри услови за сите.
Македонија
Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил објави дека се спрема кривичната пријава за попречување на правдата која му ја најави на премиерот на последната седница за пратенички прашања.
„Правниот тим на Левица ја подготвува кривичната пријава против премиерот Мицкоски, за сторено кривично дело против правосудството – попречување на правдата, казниво по чл. 369-а, ст. 5 од Кривичниот законик. Постојат разумни основи за сомневање дека постапката за разрешување на Јавниот обвинител на РМ е стопирана со цел да се насочи истрагата и, преку владино прикривање и влијание, да се спасат од прогон корумпираните кадри на ДПМНЕ кои биле на функција кога се случил кривично-правниот настан поврзан со пожарот во дискотеката во Кочани.