Македонија
Здравството во Македонија се распаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Иднина за сите во Македонија“ која што претстатвува еден процес на пишување и создавање на една младинска платформа, младинска програма на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со претседателот на републичката комисија за здравство на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Љубомир Ивчев во Кавадарци се сретнавме со едно здружение за бубрежно болни каде што се сретнавме со повеќе млади луѓе, повеќе здравствени работници, за кои разговаравме за здравствените политики во Република Македонија, истакна претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Попов се осврна на состојбите во здравството каде потенцираше дека здравството во Република Македонија се распаѓа и дека младите лекари по добивањето на дипломата веднаш си заминуваат од земјата.
-Здравството во Република Македонија ни се распаѓа, за тоа доказ се и лошите здравствени услуги кои ги добиваат сите граѓани, како и преголемиот и алармантен одлив на млади мозоци од Република Македонија односно младите лекари ја добиваат дипломата и веднаш заминуваат да работат дури и како кленери во некоја од соседните земји, рече Попов.
Попов заклучи дека на сето ова мора да се стави крај и додаде:
-Тим предводен од д-р Љубомир Ивчев работи на содзавање проекти, мерки кои ќе помогнат во сузбивање на оваа катастрофална состојба која што владее во македонското здравство.
Д-р Љубомир Ивчев порача дека во текот на дискусијата споделувале искуство, давале критики, предлози како и дека се спремаат за отворен саем каде ќе се дадат предлози за проекти со кои што би се подобриле сите овие услови.
-Денеска сме собрани овде во Кавадарци заедно со претседателот на унијата на млади сили на ВМРо-ДПМНЕ, Сергеј Попов да ги дискутираме условите во кои што студираат и работат младите здравствени работници и студентите по медицина во Република Македонија. Споделувавме искуство, дававме критики, кажувавме за условите, даваме предлози и се спремаме за отворен саем да дадеме наши предлози за проекти со кои што би се подобриле сите овие услови, додаде д-р Ивчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

