Македонија
Здружението на јавни обвинители реагира по најавените законски измени за платите
Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители смета дека со измените на Законите за плати на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители не се придонесува во насока на креирање на финансиска независност на Јавното обвинителство во целина согласно меѓународните стандарди.
„Ова особено поради фактот дека токму постоењето на посебни закони за плати на јавните обвинители во кои е наведена забрана за какво било намалување на платите со измени во закон, треба да ја гарантира независноста на јавните обвинители во вршењето на функцијата. Примањата по основ на плата се единствени приходи на јавните обвинители, имајќи ги предвид законските ограничувања за вршење на каква било друга дејност“, соопшти Здружението на јавните обвинители.
Од таму велат дека го поддржуваат повикот на Здружението на судии во врска со Законите за плати на судиите и Законот за плати на членовите на Судскиот совет и во иста насока реагираат на измените во Законите за плати на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски патува на инаугурацијата на Трамп, Владата објави кој ќе го придружува
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од утре па во наредните неколку дена ќе присуствува во САД.
Премиерот коj ќе биде придружуван од Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков во Вашингтон ќе присуствуваат на инагурациската церемонија на новиот американски претседател Доналд Трамп.
Меѓудругото, како што информираа од владината прес-служба, делегацијата предводена од македонскиот премиер Мицкоски ќе присуствува и на свеченоста насловена „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“.
Очекувањата се дека за време на престојот премиерот Мицкоски ќе оддржи повеќе билатерални средби, контакти и средби со повеќе луѓе од новата администрација на американскиот претседател.
Исто така Мицкоски ќе има средба и со бизнисмени со македонско потекло каде ќе стане збор за економска соработка и можни домашни инвестиции.
Македонија
ДУИ: Повеќе деца ги загубиле своите животи во последните шест месеци отколку во изминатите години
Здравството е основа на секое праведно и напредно општество. Кога децата, најранливиот и највреден дел од нашето општество, се во ризик, мора да застанеме и да размислиме. Фактот дека повеќе деца ги загубиле своите животи во последните шест месеци отколку во изминатите години треба да биде аларм за сите нас, велат од ДУИ.
„Секој од тие изгубени животи претставува предвремено прекината судбина и неизмерна болка за семејствата кои ги изгубиле своите најмили. Јасно ни е дека постојат предизвици, но никој не може да прифати здравството да се деградира до таа мера што родителите влегуваат во болници со надеж, а излегуваат со скршени срца. Ова не е прашање на партии или политика. Ова е човечки повик. Нашите деца заслужуваат најдобра грижа. Семејствата заслужуваат сигурност и достоинство кога бараат медицинска помош“, се додава во соопштението на ДУИ.
Оттука апелираат до Министерството за здравство и сите засегнати институции да преземат итни чекори.
„Секој ресурс мора да се насочи таму каде што е најпотребен – во спасување животи и подобрување на условите за нашите најмлади пациенти.Зашто ниту еден родител не треба да ја доживее болката од загубата на своето дете, и ниту едно дете не треба да ја изгуби својата шанса за живот. Ова е момент кој бара размислување и акција“, се додава.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со што толку многу го задолжиле Заев и Груби
Филипче да каже со што толку многу го задолжиле Заев и Груби што не сака и не смее да се огради и да се оттргне од Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.
„Филипче и СДС се заложници на Груби и не смеат да и се извинат на јавноста поради тоа што дозволија милионски криминал од Артан Груби.
Филипче и СДС знаеја и молчеа додека Груби слободно ги крадеше народните пари.
Филипче и СДС се соучесници во корупцијата, мегаломанскиот криминал и осиромашувањето на народот.
Филипче и СДС не се извинуваат на граѓаните и се препелкаат во политичкото мочуриште затоа што се соучесници во епскиот криминал на Груби и ДУИ.
Филипче и СДС месец дена го штитат Груби и тонат во политичкото мочуриште а рејтингот им се топи и е во слободен пад.
Филипче и СДС дозволија Груби да краде само паради тоа што единствен приоритет им беше да останат на власт.
За СДС и Филипче терминот политичка одговорност е непознат, СДС е истата деструктивна партија која ја уништи државата и го осиромаши народот, како во времето на Ковачевски така и во периодот на Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.