Македонија
Здружение на судиите: Нема потреба за широка проверка на работата на судиите
Управниот одбор на Здружението на судиите заклучи дека правосудниот систем не е во состојба за да се спроведе проверка на судиите, односно т.н. ветинг.
„Управниот одбор на Здружението на судиите, по дебатата за поимот ветинг и неговата условеност со поголеми општествено-политички промени и други општествени аномалии (аномалии како замена за зборовите: постоење висок степен на корупција), целите и резултатите што треба да се постигнат, заклучи дека нашиот правосуден систем не е во состојба која импонира потреба од една таква широка проверка на работата на судиите надвор од постојните институции утврдени со актуелната законска регулатива“, пишува во заклучокот.
Здружението на судиите ги поддржува активностите на Државната комисија за спречување на корупцијата и Судскиот совет на РСМ и смета дека проверката на работата на судиите и нивното однесување е континуирана работа во надлежност на овие две институции.
Управниот одбор ги охрабрува судиите да покажат професионалност и интегритет во своето постапување и соодветно поставување кон новонастанатите состојби и апелира на воздржаност и негенерализирање при изнесувањето на јавните квалификации за состојбата во правосудниот систем.
Управниот одбор заклучи дека треба да ги усогласи ставовите со Врховниот суд и Судскиот совет за ова прашање.
Амбасадорот на Европската Унија пред неколку дена рече дека правосудството и не е толку лошо во контекст на најавите за ветинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

