Македонија
„Зегин“ еднократно донира 20.000 евра за семејствата на загинатите патници
Компанијата „Зегин“, по тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Скопје-Тетово, ќе им додели еднократна помош во износ од 20.000 евра на семејствата на трагично загинатите патници.
Во овие тешки мигови на повредените, како и на семејствата на повредените и починатите патници, „Зегин“ нуди дополнителна помош ставајќи им го на располагање целиот потенцијал на „Зегин“ во лекови и поликлинички услуги од својата поликлиника „Зегин медика“.
Сочувствувајќи со болката на семејствата на загинатите и повредените, „Зегин“ ги повикува семејствата да се обратат за помош во нашата компанија. Компанијата „Зегин“ им изразува сочувство на семејствата на загинатите патници и побрзо закрепнување на повредените лица.
За подетаљни информации обратете се на 02 3241 600 и 078 206 087, mail:[email protected]
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

