Македонија
Земјотрес ја стресе југозападна Македонија
Земјотрес со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер синоќа во 22.44 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Eпицентаро е на 97 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија.
Според досегашните информации со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II до III степени според Европската макросеизмичка скала,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Промовирано ново возило за потребите на СОСУ „Илинден“ во општина Илинден
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски присуствуваше на промоцијата на новото патничко возило на Средното општинско стручно училиште „Илинден“.
Санува збор за патничко возило (комбе), Опел Виваро за превоз на лица со капацитет до 8 лица за седење и ќе се користи за потребите на учениците и вработените на училиштето за патувања, за натпревари, екскурзии и сл. Покрај средното училиште возилото ќе се користи и за потребите на локалната самоуправа и образовните институции.
Градоначалникот Георгиевски кој го разгледа возилото заедно со директорот на училиштето Зоранчо Арсовски, истакна дека СОСУ „Илинден“ континуирано се развива и модернизира, со цел унапредување на образовниот процес, пришто учениците ги добиваат сите современи услови за квалитетна настава.
„Со набавката на ова возило се олеснува организирањето и патувањето на вработените и учениците за екскурзии, натпревари, семинари, работилници кои се одржуваат надвор од општина Илинден“, посочија од Општина Илинден.
Македонија
Муцунски во Прага: средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес е во работна посета на Прага, Чешка. Во рамките на посетата, тој утрово заедно со министерката за енергетика, Сања Божиновска, оствари средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек, а по средбата имаа свое обраќање на македонско-чешкиот бизнис форум.
Средбата со министерот Влчек се фокусираше на одличната економска соработка и интересот за нејзино понатамошно унапредување. Притоа, беше истакната важноста на досегашните состаноци на Мешовитиот комитет по Договорот за економска и индустриска соработка меѓу двете земји, како и размена на мислења за конкретни иницијативи и активности кои ќе придонесат за зајакнување на економските врски.
Во рамките на македонско-чешкиот бизнис форум, министрите Муцунски и Божиновска, заедно со чешкиот министер Влчек, ги претставија можностите за инвестирање во двете држави.
Презентирани беа иницијативите на македонската влада за подобрување на бизнис-климата, привлекување странски инвестиции и поттикнување на извозот. Дополнително, беа истакнати можностите за економска соработка и инвестициски проекти со цел земјава да стане следна дестинација за странски директни инвестиции, што ќе придонесе за засилено економско партнерство меѓу двете земји.
Скопје
Општина Центар започна со есенска дератизација
Општина Центар ја започна есенсктаа дератизација на сите јавни површини и јавни објекти на територијата на цела локална самоуправа. Дератизацијата која ја спроведуваат општински служби има за цел да ги уништи штетните глодари, инсекти и да превенира од можна појава на заразни болести. Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата за активностите на Општина Центар во областа на здравствената заштита за 2024 година.
Со дератизацијата ќе бидат опфатени сите шахти на територија на целата општина и акцијата ќе се спроведува во текот на целиот месец. Денеска дератизација се прави во населбите Буњаковец и Маџир Маало.
Дератизација во Општина Центар се врши два пати годишно во пролетниот и есенскиот период. Општина Центар ги известува граѓаните дека при процесот на дератизација се користи препарат од сертифициран производител и кој ја третира популацијата на глодарите. Истиот е издаден со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, се користи за употреба во јавната хигиена и не претставува опасност за останатиот животински свет.