Македонија
Земјотрес утрово во Македонија
Земјотрес бил регистриран утрово во 7 часот и 23 минути во Македонија.
Според информациите од сеизмолошката опсерваторија, потресот е со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала, а епиентарот се наоѓа на 130 километри југоисточно од Скопје
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени – 1 степен, 2 степени било во Попова Шапка, Крива Паланка и Штип, 3 во Струмица, Кавадарци, Велес, Куманово, Лазарополе и Виница, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп и Маврови Анови, 5 во Битола и Крушево, 8 во Гевгелија, Демир Капија и Претор, 9 во Охрид и Дебар.
Висината на снежната покривка утрово во седум часот била 42 сантиметри на Попова Шапка, 32 Маврови Анови и 7 Крушево.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во Тетово хоризонталната видливост е ограничена на 500м. Дуваше слаб до умерен ветер од претежно од јужен правец.
Времето денеска
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Максималната температура ќе достигне од 6 до 15 степени.
Во Скопје претежно облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Повторно алармантно загадување во Струмица во последните два дена
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.
Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).
Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мернoто место и деновите каде има појава на надминување на праг на алармирање.
Согласно настанатата состојба, за Струмица важат следните мерки:
„Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола
Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати
Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци
Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила
Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата
Забрана на горење на отворено
Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар
Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот
Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено“, посочуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Скопје
(Фото) Герасимовски: Градинката „Пролет“, изградена по светски стандарди, прва по 50 години, и финансирана од Општината
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека новата градинка Пролет која е прва по пет децении е изградена по највисоки светски стандарди за поквалитетен престој на дечињата и подостоинствени услови за работа на вработените.
„Градинката Пролет е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна која треба да обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. Горд сум што инклузивноста и пристапноста на децата со попреченост е воспоставена во проектот на градба. Градинката ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености. Изградбата се одвиваше според предвидената динамика, брзо и непречено. Во месец март се надевам дека дечињата од населбите Пролет и Маџир Маало ќе бидат згрижени во оваа предучилишна установа”, рече Герасимовски.
Новата градинка Пролет има вкупна бруто површина од 3.276 метри квадратни и целосно е финансирана од Општина Центар во висина од околу 2.5 милиони евра.