Македонија
Зендели: Предлогот на ДУИ и СДСМ за претседател е коалициски договор, а не консензуален

Предлогот на ДУИ и СДСМ за претседател е коалициски договор, а не консензуален, изјави Фадил Зендели од Беса. Тој рече дека во партијата се анализира ситуацијата за тоа како ќе настапи на претстојните претседателски избори.
„Во органите на партијата се анализира ситуацијата како да се излезе на претседателските избори. Алтернативите се да одиме заедно со албанската опозиција, може и со цивилното општество да се организираме, па заедно да излеземе“, рече Зендели.
Тоа што го заговара ДУИ и СДСМ, рече Зендели, е коалиционен предлог или на мнозинството, како што тие се нарекуват.
„Консензуален е кога ќе се договорат сите партии и од власта и од опозицијата. Затоа за нас оваа идеја е неприфатлива“ рече Зендели.
Тој рече дека нив како опозиција им одговараат предвремени избори. „Ако власта сака да распише избори нека се изјасни затоа што нема да има време да се организираат заедно со претседателските“, рече Зендели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.