Македонија
(Видео) Зеќири: Дали поглаварот на ИВЗ е заштитена мечка од секоја власт
Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зeкири, пред пратениците во Собранието праша дали поглаварот на ИВЗ е заштитена мечка.
„Ако сме сите исти, како Сулејман Реџепи од пред 80 години опстојува и покрај скандалите? Тој им се умилкува на сите власти. Работи незаконски. Тој се врати на чело на ИВЗ со калашникови и се постави за доживотен. Инститицијата ја претвори во свој пашалак. Тој е нечесен и криминалец поради начинот на кој раководи“, рече Зеќири.
Тој го обвини Реџепи дека ги злоупотребувал визите за аџиите. Тие, како што рече Зеќири, се издаваат од Саудиска Арабија за одреден број верници, а тој ги наплаќа.
„Им наплаќа по 500 евра. Дали трудова инспекција некогаш ќе влезе во ИВЗ, дали на имамите им плаќа инвалидска пензија? И дали финансиска полиција ќе влезе да провери како се менаџира? ИВЗ сè уште го наплаќа имотот под кирија со каса- прими“, обвини Зеќири.
Премиерот Заев рече дека трудова инспекција ќе добие налог директно од него.
„Неколу институции се во контрола на МПЦ и ИВЗ, има процеси поради Стразбур. Ова е сепак службен патоказ до Владата да провери дали се плаќаат даноци, закупнини, придонеси итн. Во сите верски заедници ќе постапиме, а сепак ќе внимаваме на секуларноста. Ако се утврдат недостатоци, ќе ги објавиме“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

