Македонија
Зекири: Џафери и ДУИ да објаснат зошто го спасија побратимот Вељаноски

Талат Џафери и ДУИ треба да ѝ објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Трајко Вељановски, напиша пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, на „Фејсбук“ по неуспешниот обид на синоќешната седница да се стави на гласање барањето за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски.
„Го спасија за да ги спаси некогаш ВМРО нив или…??? Народот вели: „Во секое зло за добро“… Јавноста уште еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија. И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: „Ако не се срамиш, прави што сакаш“.
П.С. ДУИ 2014 = 153.000, ДУИ 2016 = 86.000, ДУИ 2019 = …“, напиша Зекири.
Тензичната собраниска седница, на чиј дневен ред беше само точката за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, која почна малку по 21 часот, беше прекината од претседателот на Собранието, Талат Џафери, неколку минути по полноќ.
Претходно, Комисијата за мандатно-имунитетни прашања по долга расправа со 4 гласа „за“ и 4 „против“ не донесе одлука по барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски. Експретседателот на Собранието заедно со поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристевски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, е осомничен за организирање на крвавиот четврток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе искачи до 31 степен.
Од Управата за хидрометеорошки работи информираат дека за време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот, а потоа ќе настапи зголемување на облачноста.
Македонија
Муцунски на средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу

Во рамки на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба во Стејт департментот со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу.
„На средбата се разговараше за постигнувањата во изминатите 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, стратешкото партнерство, политичката и секторската соработка, како и потенцијалот за нивно понатамошно продлабочување“, соопшти Министерството.
Соговорниците заеднички ги потврдиле одличните билатерални и пријателски односи, засновани на вредностите на безбедност, демократија и слобода. Министерот Муцунски упатил благодарност за континуираната поддршка од САД во трансформацијата на општеството, зајакнувањето на капацитетите и спроведувањето на неопходните реформи.
На средбата станало збор и за силното сојузништво во НАТО, активната соработка во мултилатералните организации и заедничкиот придонес кон регионалната и глобалната стабилност и безбедност.
Македонија
Викендов сончево и топло време

Утре наутро ќе биде ведро и посвежо, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 31 степен.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Потоа ќе настапи зголемување на облачноста.