Македонија
„Злосторничката коалиција на дело, СДС, ДУИ и Левицата, како попчиња го гласаа неразвојниот буџет на Арсовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Вчера, на седница на Советот Град Скопје, по којзнае кој пат излезе на виделина коалицијата помеѓу СДС, ДУИ, Левицата и Данела Арсовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите заедно, без око да им трепне, го изгласаа досега најлошиот буџет во историјата на Градот, во кој се укинуваат капиталните инвестиции, се намалуваат субвенциите, со цел да има повеќе пари за криминалците во кругот на Арсовска.
Добро е што граѓаните знаат дека ова е коалиција на неспособни партии и луѓе, кои делат исти вредности, како криминал, корупција и арогантност.
Очигледно сите заедно на куп си обезбедија мед за цела година, а најмногу мед, секако, ќе изеде, главната медарка, Данела Арсовска“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Лага e тврдењето на Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле евтини
„Љупчо Дон Николовски, очигледно, кога станува збор за народни пари не памети колку каде дал, секако сеедно му е. Лага e тврдењето на Дон Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле евтини. Хотелите во САД се платени неколку стотина евра од вечер, потврда за тоа се и документите кои самиот Дон Николовски ги доставил во сметководството на МЗШВ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дон Николовски ништо не го вади од одговорноста, дека додека земјоделците тука мака мачеле со откуп и пласман, тој ноќевал по скапи хотели платени неколку стотина евра. Дон Николовски раскалашено се однесувал со народните пари. Дон Николовски е лицемерен, никој повеќе не му верува„, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Доцни платата за вработените во Јавното претпријатие „Улици и Патишта“
Вработените во Јавното претпријатие Улици и Патишта не ја добиле платата за август која им се исплатува во септемри, иако рокот за исплата е до 15-ти во месецов. Во отвореното писмо до јавноста, вработените тврдат дека се под константни притисоци и се плашат да штрајкуваат, а како главен виновник за состојбата со платите го посочуваат директорот на претпријатието. Тие тврдат и дека претпријатието има пари, но плати нема.
„Платата за месец септември не е исплатена иако постои информација дека Град Скопје пред десетина дена префрлил повеќе од 40 милиони денари. Новоназначениот ВД директор, Ванчо Умленски, наводно го преземал компјутерот од секторот за Финансии и сите средствата ги пренасочил на добавувачи, меѓу кои и 19 милиони денари на „Пуцко Петрол“, иако на вработените им се потребни 15 милиони денари за исплата на платите„, велат Вработени во ЈП Улици и Патишта.
Од Град Скопје тврдат дека парите за плати треба да ги обезбеди самото претпријатие.
Македонија
Свежо утро, а преку ден сончево и релативно топло
Утрово посвежо, а преку ден, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, исто така, утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло време. Според најавите, минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Слично време нѐ очекува и утре, додека за во вторник и во среда, најавено е преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни, со услови за појава на грмежи.