Македонија
Знамето на НАТО поставено на јарбол пред Собранието
Со посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и на Северноатлантскиот совет, пред Собранието и официјално беше поставено знамето на алијансата. Пред собраниската зграда, заедно со државното знаме, сега се вее и знамето на НАТО, каде што се очекува Република Северна Македонија да стане триесеттата земја членка.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, синоќа беше домаќин на целото раководство на НАТО, предводено од генералниот секретар Столтенберг. Тој изрази задоволство што е домаќин на Северноатланскиот совет, што за нашата држава претставува своевидно признание и потврда дека заслужено стануваме членка на НАТО. Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, во оваа пригода порача дека со нетрпение чека Северна Македонија да стане триесеттата членка на алијансата и да го види нашето знаме развеано пред седиштето на НАТО во Брисел, како и пред мисиите и операциите насекаде во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

