Македонија
ЗНМ: ОЈО Скопје назначи јавен обвинител за контакт за предмети поврзани со безбедноста на новинарите
Гаврил Бубевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, ја назначи Искра Хаџи Василева, јавната обвинителка од истата институција како лице за контакт во врска со предметите поврзани со безбедноста на новинарите, кои се во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје.
Одлуката што пристигна на адреса на ЗНМ е донесена врз основа на заклучоците од состанокот на Бубевски со претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), што се одржа на 27.5.2022 година.
ЗНМ со години постојано работи на кампањи за кревање на свеста за состојбата на новинарите и медиумските работници, каде што акцентот е ставен безбедноста на новинарите, како и на проблемот со неказнивост на напаѓачите. Токму поради овие причини, една од препораките на ЗНМ до ОЈО Скопје беше формирање посебно одделение со цел да се зголеми безбедноста на новинарите. Сето ова е во согласност со препораките на Советот на Европа со крајна цел – да се иницираат системски промени за подобрување на моментната состојба.
Јавната обвинителка Хаџи Василева има надлежност да го следи постапувањето во предметите во кои во својство на оштетени, сведоци или пријавени лица се јавуваат новинари што ги извршувале своите работни задачи.
Во одлуката се вели дека ОЈО Скопје и другите јавни обвинителства ќе даваат приоритет во постапувањето по предметите поврзани со безбедноста на новинарите и ќе продолжат во оваа насока да ја унапредуваат соработката со новинарските здруженија со цел да се санкционира секое кривично-правно загрозување на слободата на изразување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

