Македонија
ЗНМ поднесе барање за кривично гонење на Тони Михајловски поради заканите со смрт против Тричковски
Здружението на новинари на Македонија денеска поднесе барање за кривично гонење до Основното јавно обвинителство против актерот и уметнички директор на Македонскиот народен театарот, Тони Михајловски, поради заканите изречени кон познатиот новинар и колумнист Бранко Тричковски. Михајловски неодамна на својот Фејсбук профил напиша: „Би можел да го убијам Бранко Тричковски и око нема да ми трепне“.
Од ЗНМ сметаат дека Михајловски со тоа ги повредил членовите 144 и 394 од Кривичниот законик (загрозување на сигурноста со помош на информатички системи и насилство преку малтретирање, грубо навредување…) за што се предвидени казни од една до пет години, односно од три месци до три години.
Воедно, од ЗНМ ќе побараат од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, и дисциплински да го казни Михајловски поради неговите контроверзни ставови бидејќи како човек од културата што го следат голем број приврзаници на социјалните мрежи создава лош имиџ за оваа област.
ЗНМ неодамна остро го осуди однесувањето на Михајловски и реагираше со соопштение во кое напиша дека „говорот на омраза и повикувањето на насилство против новинари е апсолутно неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на говорот“.

Од ЗНМ потенцираа дека смртните закани имаат за цел да ги вознемират новинарите и да се замолчи критиката во медиумите.Македонското здружение на новинари оцени и дека новата влада има законска и морална одговорност јавно да ги осуди ваквите закани и да воспостави ефикасен систем за казнување на насилството против новинарите.
(Г.Д)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

