Македонија
ЗНМ со осуда за јавните етикетирања на Алијансата за Албанците кон „ТВ 21“
Здружението на новинарите на Македонија го осудува односот на лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, за статусот објавен на неговиот профил на „Твитер“, во кој Села ја обвини „ТВ 21“ дека служи како платформа за пропаганда на ДУИ користејќи ЕУ-фондови.
Ваквата објава на Села следуваше кога во емисијата „ЕУ клик“, која инаку е поддржана од проектот „Нордика“, гостуваше Бујар Османи во својство на Национален координатор за странска помош и Главен координатор на сите локални самоуправи во борбата против Ковид-19, како и Висар Ганиу, кој е градоначалник на Чаир и лице што имаше позитивен тест на Ковид-19.

„Според ‘ТВ 21’, само во текот на минатиот месец претставници на Алијансата за Албанците неколкупати гостувале во емисиите на програмата на оваа телевизија. Оттаму, сметаме дека објавата на Села претставува непринципиелен напад врз уредувачката политика на медиумот и директен притисок врз новинарите што работат на емисијата ‘ЕУ клик’. Ова не е првпат ‘ТВ 21’ да биде цел на закани и етикетирања од страна на локални политичари, а ваквите напади особено доаѓаат до израз во овој период кога се очекува да има изборна кампања за претстојните парламентарни избори. Укажуваме дека не е работа на политичарите јавно да ја ценат професионалноста на медиумите и доколку имаат забелешки за нивната работа, потребно е да достават претставки до Советот за етика во медиумите во Македонија или до Советот на честа при ЗНМ“, велат од Здружението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

