Македонија
ЗНМ ја поздравува пресудата за напаѓачот на новинарите од А1oн
Здружението на новинарите на Македонија ја поздравува одлуката на Основен суд, со која напаѓачот на новинарската екипа на А1он, за време на ланските протестите на движењето „За заедничка Македонија“, Матија Каников, го осуди со шест месеци казна затвор.
„Оваа пресуда на судијата, Марија Клетничка-Марковска од Кривичниот суд е прва со која напаѓач на новинар е осуден на затворска казна и со тоа ја прекинува политиката не неказнивост за напади на новинари. Пресудата праќа јасна порака дека системот нема да толерира насилство врз новинарите и дека секој што ќе нападне во иднина ќе биде брзо откриен и изведен пред лицето на правдата“, се вели соопштението испратено од ЗНМ.
Во исто време, велат од ЗНМ, пресудата ќе влијае позитивно и на зголемување на безбедноста на новинарите, која е основен предуслов за да можат тие слободно и без страв да ја вршат нивната новинарска професија во интерес на граѓаните, и со ова системот покажува дека ги штити основните човекови права и слободи, како што е слободата на говорот, додаваат од ЗНМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

