Македонија
Зоолошката градина во изминатите три години е во најлошата можна состојба, оценува Кирков
На седницата на Советот на Град Скопје, советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, истакна дека животните во Зоолошката градина не се виновни за тоона што им се случува поради неспособноста на кадрите на градоначалничката Арсовска.
„На ова раководство на Градот и на Зоолошката градина им се бројат деновите и месеците. Кој и да дојде потоа јас сум уверен дека веднаш ќе настане една револуција во скопската Зоолошката градина затоа што кој било градоначалник по оваа градоначалничка, ќе си го сака многу повеќе Скопје од неа“, нагласи Кирков.
Советникот даде осврт и на последните случувања во Зоолошката градина, каде што, поради лице што било вработено во неа, им била попречена работата на инспекторите од АХВ. За ова и за уште една работа на истото лице му била поднесена и кривична пријава.
„По записникот од страна на МВР, поднесена е соодветна кривична пријава за попречување движење во заразно подрачје, без заштитна опрема. Еве до таму оди безобразноста и како се работи со Зоолошката градина со овој менаџмент и оваа градоначалничка“, додаде Кирков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

