Македонија
Иванова: Мицкоски да објасни за сомнителните договори додека бил директор на ЕЛЕМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не треба да се крие зад социјалните мрежи, туку јавно да излезе пред граѓаните и да одговори на сите прашања што се однесуваат на периодот кога тој раководел со ЕЛЕМ, изјави денеска Михаела Иванова од Социјалдемократската младина на Македонија во изјава дадена пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа државна компанија вчера соопштија дека веднаш кога Мицкоски стапил на функцијата директор, АД ЕЛЕМ склучило договор преку непосредна спогодба со две компании во вредност од 10,5 милиони евра. Мицкоски е должен да објасни пред јавноста за овој договор, односно зошто цената за ископ во овие договори е повисока од сегашната цена за ископ и дали Мицкоски бил дел од некои сомнителни шеми по налог на Никола Груевски“, запраша Иванова.
Таа исто така додаде дека наместо да се заканува со тужби, лидерот на опозициската партија треба да одговори зошто не им исплатил К15 на вработените во АД ЕЛЕМ за 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре, поради официјална посета на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Тошковски склучил скандалозен тендер од 500.000 евра со фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција, обвини Левица

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма која во минатото ДПМНЕ ја обвинуваше за коруптивни тендери. Токму за оваа компанија, додека беше во опозиција, ДПМНЕ обзнани скандал дека МВР на Оливер Спасовски незаконски доделило исти ваков тендер, иако компанијата не ги исполнувала критериумите, тврди партијата Левица.
„За оваа компанија, ДПМНЕ на пресови обвинуваше дека поради блискоста со поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров од СДС, „Дон Холдинг” добива тендери од Оливер Спасовски и повикуваше обвинителството да отвори постапка. Наместо МВР под Панче Тошковски да ги истражи скандалозно доделените тендери од СДС на оваа компанија, сега сведочиме дека неговото министерство повторно ги склучува истите сомнителни тендери со „Дон Холдинг”“, велат од партијата.
Левица прашува како истата компанија која била обвинувана од ДПМНЕ за криминоген скандал и блиска до СДС, сега е подобна за Тошковски да ѝ додели тендер од 575.000 евра?
Наместо расчистување на криминалите на СДС и ДУИ, велат од Левица, кои добивале тендери од претходната власт, продолжуваат да бидат бизнис-партнери и на новата влада на Мицкоски.
„Истиот случај како со криминалниот проект на „Бехтел и Енка”, чии закони Левица ги блокираше, а сега сведочиме како владата на ДПМНЕ го зацементира овој проект, без да поведе никаква ревизија како што најавуваше. Наместо расветлување на криминалите од минатото, ДПМНЕ ги продолжува контроверзните зделки на СДС и ДУИ, овој пат директно од министерството на Тошковски. Левица јавно го прашува Тошковски: дали е политичко лешинарење делење тендери на компанија за која неговата партија обзнанувала криминални скандали и барало истрага за истите?“, прашува Левица.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС уште не се огради од функционерот фатен со дрога, Филипче брани нарко трговија

СДС уште не се огради од функционерот фатен со дрога, Филипче брани нарко трговија, обвинија ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и во време на власт и во време на опозиција секојдневно со скандали за криминал, дрога, корупција. Заев и Филипче се опкружени со криминалци и уживатели на психотропни супстанци. Партиските функционери на СДС блиски до Заев и Филипче повторно во скандал со користење на дрога. Што има заедничко Филипче со уживатели на дрга и криминалци и зошто постојано настојуваат да се опкружени со нив и на приватни настани и забави. Поранешниот претседател на СДММ Струмица, Андон Стојков и близок човек на Заев и Филипче пред три дена во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога. Дали за партиските функционери блиски на Заев и Филипче користењето на забранети психотропни супстанци е честа појава и пракса?“, прашуваат од партијата.
Додека народот нема леб да јаде, велат од ВМРО-ДПМНЕ, партиските функционери на СДС користат психотропни супстанци, таков беше случајот и со ексдиректорот на Центарот за истражување и анализи на СДС, Јон Фрчкоски, кога во јавност излегоа фотографии на кои се гледа тој со бела прашкаста материја пред него на работно биро.
„На виделина излезе вистинското лица на СДС и нивните партиски функционери. Пред очите на јавноста со факти и докази излезе вистина за СДС и нивните функционери кои постојано се опкружени со криминалци и корисници на дрога. СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал“, пишува во соопштението.