Македонија
Ивановска: На предметот за Коридорот 8 ќе му се даде особено внимание
Поради специфичноста, предметот за Коридорот 8 ќе го работи посебен тим и од советници и од членови на комисијата и ќе му се даде особено значење и внимание со цел вистината да излезе на виделина, рече претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска, на годишната конференција за оценка на остварувањето на националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.
„Во фаза сме на прибирање на сите потребни документации, некои ги имаме добиено, другите ги очекуваме. Поради специфичноста на предметот, овој предмет ќе го работи тим и од советници и од членови на Комисијата, значи ќе му дадеме особено значење и внимание сè со цел вистината да ја извадиме на виделина и резултатите ќе ги соопштиме на јавна седница, изјави Ивановска.
Крајно време е, според неа, сите да се разбудат и да преземат нешто за подобрување на состојбите во државата. Таа истакна дека само 10 проценти од планираните активности од акцискиот план се завршени во 2022 година, а причината за оваа ниска реализација смета дека се слабата посветеност на институциите, но и честите менувања на раководните структури.
„Имате институции со сменети три-четворица министри во периодот додека се спроведува националната стратегија и сето тоа во услови кога не постои доволно професионална администрација благодарение на политичките влијанија при вработувањето и затоа резултатите се такви какви што се“, рече Ивановска.
Таа ги нагласи и ризиците од корупција, кои исто така се детектирани. Меѓу најзначајните ги издвои отсуството на интегритет, силното политичко влијание, особено при вработувањата, преку познатите канали на непотизам и клиентализам, неказнивоста, отсуството на целосна транспарентност, кои придонесуваат да дојде до една ваква состојба во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

