Македонија
Иванов во Софија: Договорот за добрососедство отвори нови перпективи и создаде нов амбиент во односите
Претседателот, Ѓорге Иванов, за време на официјалната посета на Бугарија го посети и Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, каде се сретна со македонски граѓани, стопанственици и културни дејци кои живеат и работат во Бугарија.
Говорејќи за односите меѓу двете земји, претседателот Иванов оцени дека Договорот за добрососедство и соработка отвори нови перпективи и создаде нов амбиент во билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија и оцени дека со шестмесечното претседателство со ЕУ, Бугарија успеа да го врати фокусот на унијата кон регионот.

„Бугарија, со своето претседавање со Европската унија ни помогна нам и на целиот регион, бидејќи нашиот регион, на некој начин, беше на маргините на интересот на Европската унија. Сега сме повторно вратени на европската агенда“, рече Иванов во своето овраќање.
Во текот на официјалната посета на Бугарија, претседателот одржа средба со нерезидентни амбасадори на странски земји акредитирани во Софија за Република Македонија.
Иванов на средбата ја истакна потребата од взаемни засилени активности во насока на унапредување на севкупната соработка со Република Македонија, особено во однос на економската соработка.

Вчера, претседателот во Софија оствари средба со неговиот бугарски колега, Румен Радев и со претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија, Цвета Карајанчева. За време на официјалната посета на Софија, Иванов реализираше средба и со поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

