Македонија
Иванов: Во 2019 се надевам на суштински европски реформи кои ќе го подобрат животот на граѓаните
Се надевам дека освен избори, во оваа 2019 година ќе видиме и суштински и добро обмислени европски реформи и капитални инвестиции кои реално ќе го подобрат животот на граѓаните, рече претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на приемот, што по повод новогодишните и божиќните празници вечерва во Скопје го приреди за претставниците на дипломатскиот кор.
Како што кажа Иванов, само ваквите чекори ќе бидат вистински повод за триумфализам.
„Моите ставови во однос на последните случувања во Република Македонија ги искажав и во годишното обраќање во Собранието, но и од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации. Не би променил ниту еден збор, бидејќи ја зборував вистината за она што им е најпотребно на граѓаните. Тоа ми дава сила да останам доследен на моите одлуки и ставови. Ќе го повторам следново. Правото на самоопределување и правото на постоење на македонскиот народ, но и принципите на демократијата и владеењето на правото не смеат да бидат доведени во прашање“, рече претседателот.

Иванов проача дека членството во Европската Унија и во НАТО го сплотува целото наше општество, бидејќи, како што кажа, за македонските граѓани НАТО значи безбедност, а Европската Унија значи просперитет.
Навраќајќи се на изминатите десет години од неговиот мандат, претседателот се заблагодари на сегашните и поранешните амбасадори кои помогнале во продлабочувањето на билатералните односи на Република Македонија.
„Во изминативе десет години како претседател имав можност да се среќавам и да соработувам со околу 170 резидентни и нерезидентни амбасадори од околу 100 држави и меѓународни организации. Иако не бев во можност со сите да имам чести средби, сепак, ја користев секоја прилика за да размениме мислења за важни прашања. Еден од таквите настани е и традиционалниот новогодишен прием“, рече Иванов.

Претседателот во неговото обраќање за 7 мај годинава ја најави и посетата на Неговата Светост, Папата Франциск.
„Во фокусот на неговата официјална посета на Република Македонија ќе биде Мајка Тереза како израз на вистинскиот, автентичен соживот, којшто не е сосила наметнат, туку органски извира од македонското мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество. Почитувањето на различноста е израз на доверба, а клучот за довербата е одговорноста, бидејќи секое стекнато право подразбира и одговорност“, истакна Иванов.
Традиционалниот прием на дипломатскиот кор изминатите години беше приреден во Скопје, Струга, Гевгелија, Битола, Крушево и во Берово, а беа посетени и Дојран и Вевчани.

„Тоа беше одлична можност, особено за нерезидентните дипломати, подобро да ја запознаат Република Македонија, нејзините трајни вредности, богати традиции и туристички потенцијали. Од оваа дипломатска турнеја се родија и нови иницијативи за соработка на локално ниво, за збратимувања на градови и размена на искуства, на мое големо задоволство“, посочи македонскиот претседател.
Од Кабинетот на Иванов информираат дека на вечерашниот прием свое обраќање имал и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.

