Македонија
ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку
Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по вчерашните тензии, за „Макфакс“ вели дека е невозможно реисот да оствари средба со него.
Актуелниот поглавар на ИВЗ, Реџепи, дојде во седиштето, но не сакаше да коментира ништо во врска со преземањето на ИВЗ од страна на Скендер Бузаку.
Реџепи само даде кус коментар дека ќе има средба со Киро Стојанов, бискуп на Скопската бискупија, кој исто така пристигна во ИВЗ, и дека немал контакт со ниту една политичка партија кога вчера ги повика да го поддржат во ситуацијата во која се наоѓа.
Во седиштето на ИВЗ пристигна и генералниот секретар.
Превирањата во ИВЗ, кои почнаа вчера, се за смена на поглаварот Реџепи, на чие место треба да седне Скендер Бузаку, а за тоа дека ситуацијата била тензична, сведочеше и зголеменото полициско присуство. Бузаку тврди дека за ваквата смена постои и судска одлука и дека законот треба да се почитува.
Реџепи за сѐ ја обвини Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи и рече дека никогаш нема да го признае директорот на Комисијата, Даријан Сотировски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

