Македонија
Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда, ветува враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем
Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда.
Министерот најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, деполитизација на судството и Обвинителството, враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и владеење на правото.
Во периодот што следува ќе се обрне поголемо внимание на измените на законите за Судскиот совет, за Јавното обвинителство, за Советот на јавните обвинители, спроведување на реформската агенда во рамките на процесот на имплементација на планот за раст на Западен Балкан, патоказот за владеење на правото, кој ќе ги исцрта насоките на реформите и мерките до крајната цел – завршување на преговорите, како и вклучување на земјите кандидати во извештајот за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на предизвиците со владеењето на правото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

