Македонија
Идната недела јавна расправа за предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, соопшти Владата
Предлог-законското решение, кое ја уредува конфискацијата на имот, чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори, а не е опфатен со конфискација во кривична постапка или со даночење имот во даночна управна постапка, веќе е поставено на ЕНЕР и е достапно за коментари. Заради транспаретност на процесот на донесување овој закон и подобрување на текстот преку отворена дебата, идната недела ќе се одржи јавна расправа, на која стручната фела ќе има можност да ги сподели своите предлози и сугестии, соопштија владините служби.
Со донесување ефективен и применлив закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, како што е појаснето, се заштитува јавниот интерес на Република Северна Македонија на начин што се оневозможува располагање со имот за кој не може да се докаже дека е стекнат од законски извори, а со тоа се превенираат кривични дела поврзани со организираниот криминал и корупцијата.
„Поаѓајќи од ставот дека постојното кривично и управно законодавство не може целосно да ги опфати случаите што се појавуваат во пракса, работната група со која претседава заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, го подготви предлог-законот, кој ќе претставува дополнителна и ефективна алатка во борбата со корупцијата. Претходно, во соработка со Советот на Европа, Кабинетот за политики за добро владеење изработи нацрт-текст заснован на физибилити-студија и анализа на состојбите и моделите на конфискација во модерните правни системи“, се посочува во владиното соопштение.
Јавната расправа за законот за конфискација на имот во граѓанска постапка ќе се одржи на 24 ноември 2023 година во Клубот на пратениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прочка – празник на искреното меѓусебно простување кај православните верници
Денеска православните верници го слават празникот Прочка.
Овој ден е голем празник за христијаните бидејќи ја претставува искрената волја за срдечно простување меѓу луѓето. Со празникот се поврзани и голем број на обичаи и верувања.
Прочка е ден на меѓусебно простување помеѓу верниците, пред почетокот на Велигденскиот пост. Датумот на празникот се менува во зависност од датумот на Велигден и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.
Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Според традицијата, прошка бара помладиот од постариот со зборовите „Прости ми“, а постариот одговара „Простено да ти е од мене и од Бога“.
Со Прочка завршуваат зимските и почнуваат пролетните празници.
Македонија
Променливо облачно со засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во утринските часови, во повисоките предели на северозападот можно е краткотрајно провејување на слаб снег.
Ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од -4 до 4 степени, додека максималната дневна ќе биде меѓу 5 и 12 степени.
Во Скопје ќе преовладува променлива облачност со кратки сончеви периоди. Северниот ветер на моменти ќе засилува, особено во одредени делови од котлината. Утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Во текот на новата седмица се очекува стабилно време. Исклучок ќе биде вторник, кога кон крајот на денот, претежно во североисточните делови од земјата, се можни повремени локални врнежи од дожд. Утрaта ќе бидат постудени, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.

