Македонија
Иднината во ЕУ го реализира идеалот на партизаните, рече генералниот секретар на СДСМ во Крушево

Европската иднина го реализира вековниот идел, стремеж и борба на нашите херои, предвесници и основоположници на македонското ослободително движење, нашите револуционери и партизани. Тоа е идеалот, за слободна, самостојна македонска држава, со признаен македонски идентитет и обезбедена македонска иднина за век и навек, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на средба со членови и симпатизери на партијата од општинската организација во Крушево.
Зечевиќ повика на обединување и заедништво во кревање на современиот македонизам на ниво на општествен, колективен одговор за поддршка на европската иднина на државата.
„Да се обединиме околу европската иднина. За горда, достоинствена и побогата европска Македонија. Тоа е нашата национална цел. Хероите револуционери, од првата Крушевска Република како предвесници на македонското ослободително движење, преку делото на хериоите од НОБ го поставиле тој идеал многу одамна. Европска Македонија во европското семејство, рамноправна, достоинствена, со сите македонски национални обележја и признаен македонски иденитет е остварување на сон кој го сонувале просветители, преродбеници, илинденци, социјалисти и антифашисти. СДСМ е подготвена да води на тој пат но ни треба поддршката од сите, ова е огромна, национална и државна цел која само здружени може да ја оствариме“, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно, топло и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, објектите на фирмите Сојуз на Здружение на Возачи и Елмиго, корисниците од улиците Драчевска, Андреја Петковиќ, Славка Динкова, Гандиева, Ниже Планина, Јакупица, Атанас Разлов и корисниците од околните стопански и нестопански објекти, општина Кисела Вода, како и корисниците од ул. Иван Цакар – поголем број од парните броеви, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Кривична против 38-годишниот скопјанец кој ја уби својата невенчана сопруга

СВР Скопје го расчисти убиството кое на 3 мај, околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари го изврши 38-годишниот Н.А. од Скопје, кој што при семејна расправија со нож ја лишил од живот својата невенчана сопруга Р.А. (36) од Скопје. Откако ја убил Р.А., сторителот се дал во бегство, но по преземени мерки и активности, тој е лишен од слобода при обид да ја помине државната граница на ГП Табановце.
На местото на настанот е извршен увид во присуство на Јавен обвинител и обдуценти од Институтот за судска медицина и криминалистика, по што телото на починатата е пренесено на ИСМК за обдукција. Дополнително, утврден е идентитетот на Д.С. (32), кој му помогнал на сторителот и го превезол до ГП Табановце, а му помогнал и да ја фрли облеката што сторителот ја носел во време на извршувањето на кривичното дело, која потоа од страна на полициските службеници е пронајдена и подигната за вештачење, а Д.С. е лишен од слобода.
Исто така, пронајден е и ножот со кој сторителот го извршил кривичното дело.
По обезбедување на доказниот материјал, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава во итна постапка против Н.А. за кривично дело “Убиство” по чл. 123 ст.2 т.2 од КЗ и против Д.С.за кривично дело “Помагање на сторител по извршено кривично дело” по чл. 365 ст. 3 од КЗ.