Македонија
Идните правници и економисти на пракса во Општина Кисела Вода
Со денешната посета учениците од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен” започнаа со пракса во Општина Кисела Вода. До крајот на второто полугодие, еднаш во неделата, тие на практичен начин ќе можат да го видат и работат она што го учат во училишните клупи.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека во Општината има широк спектар на дејности кои можат да им помогнат на учениците да ги совладаат практичните вештини и да ги направат поконкурентни на пазарот на трудот.
„ Драго ми е што можеме да излеземе во пресрет на идните правници и економисти, кои тука имаат можност да се здобијат со конкретни знаења и компетенции како подготовка на акти, архивирање на предмети, да почувствуваат како во стварност може да се примени она што го учат во училиште. Наша конечна цел е подигнување на вредностите, стандардите, квалитетот и ефикасноста на образованието, како и создавање на работници кои на пазарот на трудот ќе учествуваат не само со теоретско, туку и практично знаење. Ова пак, ќе значи и придонес кон намалување на младинската невработеност, која е голема болка на нашето општество“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски по средбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.

