Македонија
Избрани добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје 2019
Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2019 година. Тајното гласање го спроведе комисијата што ја именува одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.
Добитници на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2019 година се:
– од областа на науката е проф. д-р Христина Спасевска, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, за остварувања во науката, техниката и стопанството од областа обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност;
– од областа на хуманитарната активност е д-р Жикица Ѓорѓиевски, доктор стоматолог, за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик;
– од областа на културата е д-р Дита Старова-Ќерим, директор на Националната галерија, за посебен придонес во културата и севкупниот развој и афирмација на град Скопје;
– од областа на уметноста е Фросина Зафировска, кустос советник во пензија, за значајни достигнувања во областа на музејската дејност, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.
1. Бисера Чадловска – диригент, за континуирано успешно творештво во областа на музичката уметност.
– од областа на публицистиката Ерина Богоева – фотограф, за изработка и издавање на монографијата со фотографии „Скопје – архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“.
2. Александар Трајковски – музички педагог, истражувач и публицист, за значаен придонес во областа на културата, уметноста и литературата, со објавувањето на книгата „Музиката во македонскиот игран филм од Фросина до Лазар“.
Од областа на спортот:
1. Карате-клубот „Работнички“ – Скопје, правно лице, за 50 години постоење и постигнати врвни спортски резултати на домашен и меѓународен план;
2. Алили Бесир, спортист – борење, за освоено прво место на Европското првенство во борење за кадети.
Ученици и студенти:
1. Ана Марија Атанасовска, ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “ – Скопје, за постигнати резултати во воннаставни активности;
2. Стефан Стојковиќ, ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “ – Скопје, за успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот.
Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје им се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Град Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот. Наградата може да им се додели и на физички и правни лица од други држави што оствариле посебен придонес за градот. Исто така, наградата им се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности, што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

