Македонија
Избрани новите министри: Лога во Правда, Меџити во Здравство, Алиу во информатичко општество, Шукова во животна средина
Собранието со по 65 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, ги изгласа новите министри кои доаѓаат од редот на Алијансата на Албанците, но и министерката од СДСМ која презема еден ресор. Најпрво се гласаше за Кренар Лога кој е нов министер за правда.
Потоа, за Фатмир Меџити кој е нов министер за здравство. Трет беше Азир Алиу кој сега е министер за информатичко општество и администрација. Сите се кадар на Алијансата на Албанците. Последна беше именувана Каја Шукова за министер за животна средина, а откако ДУИ го препушти овој ресор на СДСМ.
Новите министри дадоа и свечена изјава пред пратениците, со што официјално ги преземаат функциите во Владата. За време на гласањето имаше проблем со системот, па така, електронски стоеше дека гласале 64 пратеници, а дополнително се изјаснуваше Мендух Тачи, со што, вкупниот број на пратеници кои гласале „за“ се 65 пратеници.
По ова, 40 пратеници се пријавија за збор за разрешување на замениците министри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

