Македонија
Извештајот на СЈО денеска на собраниската комисија за политички системи
Новиот шестмесечен извештај на специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 септември до 15 март денеска ќе се најде на дневен ред на собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Во извештајот што СЈО го објави на 15 март се наведува дека во текот на извештајниот период од страна на судот се целосно одобрени 15 обвиненија поднесени во месец јуни 2017 година.
„Во оваа смисла, петтиот извештаен период несомнено претставува потврда на целокупната работа на тимот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од неговото започнување со работа и заклучно со поднесувањето на овој извештај“, пишува во извештајот.
Во текот на петтиот извештаен период, исто така, СЈО отвори седум нови истражни постапки против вкупно 17 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски го оствари своето право на глас: повика на фер, мирен и достоинствен изборен ден
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, денеска заедно со сопругата го искористи своето право на глас во Дебар Маало.
Тој, повика на фер и мирни избори, нагласувајќи дека секој глас е темел на демократските процеси и на идниот развој на општината.
„Денеска, со сопругата Елена го остваривме нашето право на глас во Дебар Маало. Ги повикувам сите граѓани да учествуваат во изборниот процес, кој е темелот на демократските процеси. Верувам во фер, мирен и достоинствен изборен ден, во кој граѓаните на Центар ќе покажат висок степен на политичка култура и демократски капацитет“, вели Герасимовски.
Македонија
Димитриевски: На Куманово и на Македонија им е потребна слога, соживот и разбирање
„Им честитам на сите кои што се пласираа во вториот круг.
Верувам дека денеска и Куманово и Македонија ќе победат на еден демократски начин“, истакна денеска лидерот на Движењето ЗНАМ и кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
Порача општините и градот Скопје да ги изберат своите идни градоначалници.
„А што се однесува до Куманово, денес е прекрасен ден за гласање.
Очекувам солиден одзив нешто слично како и во првиот изборен круг, а што се однесува до волјата на граѓаните ќе ја видиме вечерва кога ќе се отворат гласачките кутии.
Јас како актуелен градоначалник во оваа прилика само ќе апелирам дека на Куманово и на Македонија им е потребна слога, соживот, разбирање и да продолжи во континуитет да се развива, бидејќи нашиот град тоа го заслужува“, кажа Димитриевски.
Македонија
Мицкоски: Ова е ден кога народот зборува
Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од оваа татковина, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.
„Гласот е тивок, но моќен инструмент, и токму затоа ве повикувам сите искрено и масовно да излезете, да застанете зад она во што верувате и да го направите вистинскиот избор!
Ова е ден кога народот зборува. Ден кога секој од нас има еднаква тежина, еднаква чест и еднаква одговорност.
Нашиот глас е нашата сила, да ја искористиме достоинствено“, пирача Мицкоски

