Македонија
Извештај на ЕК: Парламентот и Владата се обврзаа на уставни измени, преговорите за членство бараат широк консензус
Парламентот и Владата се обврзаа да почнат и да ги спроведат како приоритет релевантните уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани што живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, како Бугарите. Ова се наведува во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, при што се додава дека процесот на преговори за пристапување во ЕУ бара широк консензус од политичките партии.
Европската комисија во извештајот нотира и дека работата на парламентот била нарушена со политичка поларизација, која дополнително е продлабочена одложувајќи го усвојувањето на многу реформски закони и важни именувања.
Во некои случаи, како што се наведува, има прекумерна, а понекогаш и несоодветна употреба на брзите процедури и на процедурата за европското знаменце, кое треба да се користи само ако е поврзано со усвојувањето закони за усогласување со правото на ЕУ, а не за кратење на јавната дебата за важни прашања.
Критики има и во делот на правосудството, корупцијата и администрацијата, каде што не е нотиран напредок, а земјата е пофалена дека има добар напредок во целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, денеска, на прес-конференцијата во Брисел истакна дека историјата на проширување е успешна економска приказна, без преседан, а истовремено е и инвестиција во безбедноста на ЕУ бидејќи интегрирањето нови членки ќе ги заштити од странски мешања и ќе го стабилизира европското соседство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.