Македонија
Изгорените од реконструкцијата ангажирани во Владата за пониска плата
Новоименуваните национални координатори за култура и здравство ќе земаат плати пониски од министерските, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски, без да прецизира за кој износ станува збор. Од Владата велат дека зголемувањето на бројот на именувани лица на овие функции е реална потреба, но оттаму не откриваат кои ќе бидат задолженијата на новоназначените кадри за кои впечатокот во јавноста е дека Владата бара начин да го удоми кадарот што остана без позиција по владината реконструкција.
– Се работи за функции што се носат со одлука на Владата, не се новосоздадени функции. Владата има можност да назначи национален координатор за разни сектори. Се издигнува координацијата на повисоко ниво, на пример, во културата. Национални координатори имала и претходната влада и сите претходни – изјави Бошњаковски и додаде дека платата на новите национални коориднатори ќе биде пониска од една министерска плата.
На вчерашната владина седница поранешниот заменик-министер за здравство, Гоце Чакароски, беше именуван за национален кооординатор за здравство, а на претходната седница Владата го именуваше ексминистерот за култура, Роберт Алаѓозовски, за национален координатор за развој на културата и интерресорска соработка.
Со последните две именувања бројот на владини национални координатори, заедно со нивните заменици, од седум порасна на девет.
Претходно, професорот Владимир Пивоваров беше назначен за национален координатор за гранично управување, а за негов заменик Бајрам Берат. Национален координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО е Стево Пендаровски, а национален координатор за имплементација на националната платформа за намалување ризици од несреќи и катастрофи е Павле Трајанов. Владата го има назначено и Борче Петревски за национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот, а за заменици се именувани Џеладин Ајвази и Златко Апостолоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

