Македонија
Поради снегот, излизгани камиони и сообраќајни несреќи на автопатиштата во државата

Сообраќајни несреќи на автопатиштата во Македонија по снежните наноси. На патот Велес – Скопје има судрени два автомобила и излизган камион. Две сообраќајни незгоди се случија на патниот правец Скопје – Штип.
Очевидци состојбата ја опишуваат како апокалиптична. Велат дека коловозите се лизгави и неисчистени, претпоставуваат дека тоа е и причината за несреќите. Од МВР потврдуваат дека сите настани се пријавени.
„Според пријавеното, учесници се две товарни возила и едно патничко моторно возило. Полициски службеници се упатени кон местата не кои се случиле овие несреќи и подетаљни информации ќе имаме подоцна“, велат од МВР и немаат информации за повредени лица.
Сообраќајни несреќи има и во Скопје. Пред малку имало и во близина на скопската железничка станица. Од МВР апелираат до возачите да возат внимателно и да ја приспособат брзината во согласност со условите на патот, особено поради снежните наноси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.