Македонија
Изменет режим на автобусите на ЈСП в недела поради „Скопскиот маратон“
Во недела, 4 октомври, поради одржување на манифестацијата „Скопски маратон 2020“, во периодот од 7 до 14 часот одредени линии ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот. Сите учесници на „Скопски маратон 2020“ на денот на одржувањето на манифестацијата, ќе може бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица).
ЛИНИИ СО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЊЕ:
Линија 3
Од спортската сала „Јане Сандански“ до „Југодрво“ ќе вози по редовната траса, од „Југодрво“ ќе продолжува по улицата Кирил и Методиј („Рамстор“), Kлинички центар до „Панорама“.
Вo oбратна насока: „Панорама“, улицата Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин („Jугодрво“), Tранспортен центар, улица Владимир Комаров, улица Васко Карангелески, спортска сала „Јане Сандански“.
Линија 3Б
Од Кванташки пазар до „Jугодрво“ ќе вози по редовната траса, потоа ќе продолжува по улицата Кирил и Методиј („Рамстор“), Kлинички центар, „Панорама“.
Вo oбратна насока: „Панорама“, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин („Jугодрво“), Tранспортен центар, улица Владимир Комаров, улица Васко Карангелески, булевар АСНОМ, Кванташки пазар.
Линија 4
Од Хрoм дo Соборен храм по булеварот Партизански одреди, мост „Гоце Делчев“, булевар Гоце Делчев, булевар Крсте Мисирков (МАНУ), булевар Кочо Рацин, подвозник, улица Aнтон Попов, улица Димо Хаџи Димов“, улица Борис Трајковски.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 5
Од Дексион, улица Ѓорче Петров, булевар Партизански одреди, булевар Гоце Делчев, булевар Крсте Мисирков (МАНУ), булевар К. Ј. Питу, улица Владимир Комаров, улица Васко Карангелевски, спортска сала „Јане Сандански“, булевар АСНОМ, Ново Лисиче.
Во обратна насока, од Ново Лисиче до комплексот банки ќе сообраќа по редовната траса, потоа по булевар Крсте Мисирков, булевар Гоце Делчев, булевар Партизански одреди, улица Ѓорче Петров и Дексион.
Линија 7
Од Карпош 3 до Соборен Храм по редовната траса, потоа по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, ул. „Владимир Комаров“, ул. „Коста Новаковиќ“, бул. „Трета македонска бригада“, па прододолжува по редовната траса.
Вo oбратна нaсока, по бул. „Трета македонска бригада“, ул. „Коста Новаковиќ“, ул. „Владимир Комаров“, бул. „Jaнe Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 3.
Линија 8
Од Влае по бул. „Партизански одреди“, мост Гоце Делчев“, бул. „Гоце Делчев“, до Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 9
Од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво) и ќе продолжува по својата редовна траса.
Во обратна насока ќе сообраќа по редовната траса.
Линии 15 и 15А
Од Карпош 4 до Соборен храм по редовната траса на линија 15, ќе продолжува по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „К.Ј.Питу“, ул. „Владимир Комаров“, ул. „Васко Карангелевски“, Спортска сала „Јане Сандански“, бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче.
Во обратна насока од Ново Лисиче до комплекс банки по својата редовна траса, па по бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 4.
Линија 16
Од Железара, преку Бит пазар до Југодрво и ќе продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линии 21 и 21А
Од Транспортен центар, по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и ќе продолжува по своја редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линии 22 и 22А
Од Транспортен центар, бул. „К.Ј.Питу“, по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 23
Од Дoм нa пeчaт, по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), ул. „Владимир Комаров“, ул. „Васко Карангелески“, Спортска сала „Јане Сандански“ и ќе продолжува по својата редовна траса.
Во oбратна нaсока, до Југодрво ќе оди по својата редовна траса, па по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) до Дoм нa печат.
Линија 24
Од почетна станица во Карпош 3 (почетна станица на линиите 7 и 59), по бул. „Илинден“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Кочо Рацин“ и ќе продолжува по своја редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 27
Од Дoм нa пeчaт, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), ул. „К.Ј.Питу“, ул. „Владимир Комаров“, ул. „Коста Новаковиќ“, бул. „Трета македонска бригада“ и ќе продолжува по својата траса.
Во oбратна нaсока до Југодрво по својата редовна траса, потоа по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) до Дoм нa печат.
Линија 50
Од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса.
Во обратна насока, од Бит пазар ќе продолжува по бул. „Кочо Рацин“, ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) до Клинички центар.
Линија 57
Од Козле, по ул. „Васил Ѓоргов“, потоа по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво), Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса.
Во обратна насока, од Бит пазар ќе продолжува по бул. „Кочо Рацин“, ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), ул. „Васил Ѓоргов“ и до Козле.
Линија 59
Од Карпош 3 до Соборен храм ќе сообраќа по својата редовна траса, па по бул. „Гоце Делчев“, Бит пазар, ќе продолжува по својата редовна траса до Кучевишка бара.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 59А
Од Кисела Вода до Олимписки базен по својата редовна траса, кон Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 59Б
Од Ново Лисиче, бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), па ќе продолжува по својата редовна траса.
Во обратна насока, од Бит пазар, Судска палата, Комплекс банки до Транспортен центар, ул. „Владимир Комаров“, ул. „Васко Карангелески“, Спортска сала „Јане Сандански“, бул. „АСНОМ“ и Ново Лисиче.
Линии 31, 41, 51, 67, 70 и 74
Од Транспортен центар до Југодрво по својата редовна траса, потоа преку подвозник, ул. „Антон Попов“, ул. „Димо Хаџи Димов“, ул. „Борис Трајковски“ и ќе продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 58
Од Транспортен центар до Југодрво по својата редовна траса, потоа преку подвозник, ул. „Антон Попов“, ул. „Димо Хаџи Димов“ и ќе продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
Линија 73
Од Саем до Југодрво по својата редовна траса, потоа преку подвозник, ул. „Антон Попов“, ул. „Димо Хаџи Димов“, ул. „Борис Трајковски“ и ќе продолжува по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
ЛИНИИ СО НЕПРОМЕНЕТА ТРАСА:
*градски линии: 2, 2А, 12, 19, 20, 42, 45 и 65В.
*приградски линии: 11, 11а, 18, 18а, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 62, 63, 63а, 63б, 65, 66, 66а, 68, 69, 71, 81, 118.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш, дали од крими тендерите на сопругата во РЕК Битола или од твојот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?
-За Неготино предвидуваме убави работи во оваа програма, предвидуваме изградба на експресниот пат Кавадарци до Неготино, планираме изградба на обиколница околу Неготино, планираме завршување на гасификацијата и гасификација на ТЕЦ Неготино. Планираме можеби за мене најзначајно најдостоинствени цени за лозарите, за откуп на грозјето кои што ќе значат достоинствено и зголемено производство и она што е многу значајно рестартирање на Повардарие доколку не може на друг начин државата да го рестартира, за да се стави крај во откупот на монополот во откупот на грозје и производството на вино, за да ставиме крај на олигархијата која што ве понижува со понижувачките цени кои што ги даваат за откуп на грозје, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3 на денешниот митинг во Неготино во рамки на претседателската и парламентарната кампања.
Николоски пред неготинчани рече дека во секоја општина има по неколку криминалци од СДСМ, но неготинчани за жал имаат двајца од најголемите кои се токму во Неготино, посочувајќи дека едниот е актуелниот директор на Електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино.
-Постојат многу причини зошто СДСМ и ДУИ ќе се борат до последен ден, пред се заштита на криминалот и корупцијата. Криминалци има од секоја општина од секое место во Македонија, но вие ја имате несреќата двајца од најголемите да се токму од Неготино. Едниот актуелниот директор на Електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино. И кога се прашувате зошто им го дозволуваат ова што им го дозволуваат на ДУИ, единствениот одговор е за да можат да крадат заедно и едните и другите, нема друг одговор освен ова, истакна тој.
Николоски упати прашање до актуелниот директор на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се гради хациенда како неговата, посочувајќи дали истата е платена од тендерите кои неговата сопруга ги има добиено од крими тендерите во РЕК Битола или пак од неговиот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?
-Би сакал одовде да го прашам директорот на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се гради хациенди како да е на Холивуд, со која директорска плата директоре си градат хациенди кои што не се видени на ниедно друго место во Македонија, обичен свет не може да ги замисли, а верувајте и подобри бизнисмени не можат да ги замислат. Дали тоа е со платата или можеби од тендерите која што твојта сопруга ги добива преку нејзината фирма во Електрани во Македонија, но сега малку подолу во РЕК Битола, праша Николоски.
Николоски нагласи дека деновиве има сознанија за влијание на граѓаните и притисоци, уцени и закани како и нудење за поткуп, укажувајќи дека ќе има одговорност и за ова, но и за тендерите на мазут.
– И слушам деновиве во нелегални активности на обид за влијание врз гласачи на притисоци, на уцени, на закани на нудење на поткуп на гласачи, за тоа се одговора како што ќе се одговара за криминалот и корупцијата во ТЕЦ Неготино, ние баснословната набавка на мазут нема да ти ја заборавиме, ни првата, ни втората. Ние нема да заборавиме како беа штелувани условите за да не може да се пријави никој друг освен оној кој што го доби тендерот, рече Николоски.
Македонија
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го истреби криминалот и за истиот ќе има одговорност, затоа ни треба поддршката од граѓаните на 8 мај за број 2
Многу е важно да се земе активно учество во овие избори. Резултатот во првиот круг беше би рекол историски. Владата е делегитимирана и треба да оди во опозиција и СДСМ и ДУИ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино.
Мицкоски посочи дека СДСМ денес се претвори во обичен измеќар на ДУИ, затоа ова што им се случува не е случајност.
„ДУИ и СДСМ мора да одат во опозиција. Мора да престане праксата ДУИ ќе биде малку со ВМРО-ДПМНЕ, па со СДСМ. ДУИ сака да го понижи македонскиот народ и да ја клекне на колена Македонија. Ми пречи криминалот на ДУИ. Тие повеќе од 20 години крадат од сите вас. Тие повеќе од 20 години ја урнисуваат Македонија. СДСМ мислеа дека противник им е ВМРО-ДПМНЕ, а не гледаа што прават од ДУИ“, кажа Мицкоски.
Затоа, додаде Мицкоски, сакам да предупредам за нешто за што имам информации дека се случува.
„Банди од ДУИ обиколуваат граѓани. Ќе се обидат да го купат гласот, ќе се обидат ДУИ да има пратеник во изборните единици 3 и 4. Секој бандит кој ќе нуди пари, практично ви нуди ваши пари, украдени од вас. Предупредувам да не биде дека не сум кажал. Мои браќа и сестри се сите граѓани, но нема простор за криминалците. Тие знаат што ги чека. Јас нема да правам пакт со криминалот, туку ќе го истребам. Мора да има одговорност за криминалот“, вели Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ќе тропне на секоја порта.
„Македонија е држава на лојални граѓани без разлика на етничка припадност. Ќе побараме поддршка, ќе замолиме, ќе предупредиме дека ова се клучни избори. Секој човек ќе го убедам дека секој мора да излезе да ставиме крај на ова уништување на државата“, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа дека ова е момент да се обединиме.
„Ги повикувам сите, поддржувачи на СДСМ, оние кои останаа дома, сите да излеземе против оваа власт. Вашата доверба нема да ја изневериме потребна е поддршка за Македонија“, рече Мицкоски.
Македонија
Мицкоски сфати каде е тежината на албанскиот глас, вели Таравари
Ккандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, вели дека е добро што ВМРО-ДПМНЕ ја сфатила, како што посочува, тежината на гласот и на пратениците Албанци.
Во напишаното на социјалните мрежи Таравари истакнува дека сега ќе се фокусираат на изборите, а после 8 мај при формирање на новата влада ќе се водат од националниот интерес на Албанците, од итната потреба да се исчисти власта од корупција и од нивната непреговарачка прозападна ориентација.
„Предлогот на Мицкоски покажува дека и ВМРО сфати каде е тежината на гласот и на пратениците Албанци.
Но, нашиот фокус како коалиција и како партија е работата за изборите на 8 мај, за најголем број мандати.
По изборите ќе се водиме од националниот интерес на Албанците, од итната потреба да се исчисти власта од корупција и од нашата непреговарачка прозападна ориентација“, порачува Таравари.
Ние како „ВЛЕН“, додава тој, сме пообединети од кога било. „Нашиот глас е мнозинство од гласовите на Албанците. Нашите мандати одат кај пратениците Албанци. Бидејќи ние го штитиме напредокот на Албанците, не ги продаваме и не ги купуваме“’, дециден е Таравари.