Македонија
Изменет сообраќаен режим во Скопје до недела поради снимање филм
Од денеска до недела, поради снимање филм, ќе има привремен прекин на сообраќајот на дел од сообраќајниците во централното градско подрачје, информира МВР.
На 16.10.2020 (петок), во периодот од 11 до 14 часот, ќе има привремен прекин на сообраќајот на улицата Даме Груев, а од 14 до 18 часот на улицата Димитрие Чуповски, кај автобуската постојка спроти Театарот за деца и млади, и во периодот од 14 до 17 часот на булеварпт ВМРО на автобуската постојка пред „Пошта на Северна Македонија“.
Исто така, на 17.10. (сабота), во периодот од 14 до 17 часот, ќе има привремен прекин на сообраќајот на булеварот ВМРО на истата локација и во времето од 20 до 23 часот на булеварот Партизански одреди (кај првата автобуска постојка од страна на хотелот „Дувет“ до пред улицата Аминта Трети) во Скопје. И на 18-19.10. (недела/понеделник) во периодот од 17 до 1 часот на улицата Св. Кирил и Методиј, од паркингот и автобуската постојка пред влезот на ТЦ „Рамстор“ до НЛБ банка.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници, а тој ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

