Македонија
Измените во Кривичниот законик се во полза на криминалците од власта и за одредени структури, тоа нема да им ги донесе уставните измени, велат ВМРО-ДПМНЕ
„Измените на Кривичниот законик, кои ги изгласа власта, не се ништо друго, освен амнестија на сите криминали што ги направија ДУИ и СДС во минатите 7 години на штета на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Исто така, со овие измени одредени структури имаат цел да направат раздор во опозицијата претставувајќи како нешто веќе божем договорено.
Оваа теза падна во вода по интервјуто на Али Ахмети, во кое тој истакна дека заедно со Ковачевски и Груевски ги договарале овие измени.
За да издејствува уставни измени, Владата има план да му вети кривична неказнивост во Унгарија на Никола Груевски за тој да се врати и уставните измени да поминат во парламентот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е надежта од каде што власта го влече оптимизмот кога вели дека можни се уставни измени.
Јасно е дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со амнестијата што помина во Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува овие заткулисни игри, кои имаат цел спас на оние што направиле криминал на штета на народот.
Уставни измени нема да има“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

