Македонија
Во изминатите три дена регистрирани 1.171 заразени со ковид, починале тројца
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 29.07 до 31.07.2022):
Направени се 2.631 тестови, а регистриран е 1.171 нов случај на Ковид-19: Скопје – 485, Битола – 87, Кавадарци – 78, Прилеп – 61, Куманово – 60, Охрид – 51, Гостивар – 49, Велес – 43, Тетово – 32, Штип и Струга – по 29, Струмица – 28, Кичево – 23, Гевгелија – 18, Неготино – 15, Ресен – 14, Кочани – 13, Радовиш – 11, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Валандово – по 6, Виница и Демир Хисар – по 5, Богданци – 3, Берово, Кратово и Крушево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.171), регистрирани се 275 реинфекции.
Регистрирани сe 1.390 оздравени пациенти од: Скопје – 749, Битола – 117, Кавадарци – 84, Прилеп – 75, Велес и Струмица – по 45, Куманово – 36, Штип – 33, Тетово – 32, Неготино – 25, Гостивар – 19, Гевгелија – 17, Ресен и Радовиш – по 15, Охрид – 13, Кочани – 12, Кичево и Крива Паланка – по 10, Кратово – 6, Валандово и Демир Хисар – по 5, Македонски Брод и Пробиштип – по 4, Свети Николе и Крушево – по 3, Богданци, Демир Капија и Делчево – по 2, Виница и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (29.07-31.07.2022) пријавени се 3 починати лица од: Скопје (75г, 80г и 83г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 2.631 тестови преку: ИЈЗ-332, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-93, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-44, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–124, Жан Митрев (Филип Втори)-34, Авицена-88, Биотек-110, Систина-77, лабораторија Лаор-21, Синлаб-13, Ремедика-5, Плодност-31, Генеа-28, Никоб лаб-122, ВФВ Медикал-27, Ели медика плус-34, Ројал медика–2, Спектра-ММ-16, Рапид лаб–9, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб дијагностика–8, Рамус-25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.276
Досега во земјата се направени вкупно 2.118.638 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 328.180, бројот на оздравени пациенти е 313.833, на починати е 9.373, а бројот на активни случаи изнесува 4.974.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 154996, Активни 1948
Куманово 17490, Активни 270
Битола 16866, Активни 418
Прилеп 14862, Активни 258
Тетово 14008, Активни 192
Кавадарци 11406, Активни 215
Велес 10350, Активни 163
Гостивар 9913, Активни 127
Охрид 9596, Активни 308
Струмица 8451, Активни 132
Штип 8415, Активни 120
Кичево 5878, Активни 92
Кочани 5275, Активни 49
Струга 4953, Активни 138
Гевгелија 4584, Активни 52
Неготино 3900, Активни 66
Ресен 2898, Активни 68
Свети Николе 2714, Активни 25
Радовиш 2648, Активни 59
Крива Паланка 2528, Активни 41
Делчево 2014, Активни 1
Дебар 1743, Активни 50
Берово 1737, Активни 24
Валандово 1549, Активни 23
Виница 1416, Активни 13
Пробиштип 1292, Активни 4
Богданци 1048, Активни 9
Кратово 1033, Активни 28
Крушево 971, Активни 26
Демир Хисар 890, Активни 32
Македонски Брод 768, Активни 11
Демир Капија 606, Активни 2
Македонска Каменица 529, Активни 3
Пехчево 491, Активни 3
Дојран 362, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата
Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека цените растат, синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, власта продолжува да се луксузира со авион, мебел, нови возила, кабинети и удобност за функционерите, велат од СДСМ.
„Ова е срамно и безобразно. Работниците се приморани да протестираат на улиците за поголеми плати, за достоинствен живот. Бараат минимална плата од 600 евра за да можат да ги прехранат своите семејства и да платат сметки. Законот на СДСМ за 600 евра минимална плата е на дневен ред во Собранието. Еве шанса власта да биде конструктивна, заради работниците. Дадовме предлог со конкретно решение, поддржете го. Пари има. Со ребаланс на буџетот, наместо авион, наместо мебел, нови коли, луксузни кабинети, патувања, репрезентации, тендери може да се пренаменат за 600 евра минимална плата. Доста е луксуз на власта, време е парите да се насочат кон работниците“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски и Мицкоски на увид во градежните активности на булеварот „Македонија“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицкоски синоќа извршија теренски увид во градежните работи на булеварот „Македонија“ со кој главниот град ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница.
Ѓорѓиевски вели дека работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во вечерните часови, кога сообраќајот е намален и не се создаваат дополнителни гужви.
„Иако третата фаза, подземната сообраќајница е веќе изградена, нејзиното целосно ставање во функција е возможно само со реализација на сите фази. Првата фаза започна пред неколку недели и веќе се реализира со конкретни активности на терен. Во рамки на оваа етапа се врши реконструкција и рехабилитација на постоечкиот коловоз, како и проширување на одделни коловозни ленти со цел значително подобрување на проточноста и функционалноста на сообраќајот. Проектот ги опфаќа булеварот „Борис Трајковски“ (кај Рампа), улиците „11 Октомври“ и „Пролет“, како и крак од булеварот „Македонија“ до приклучокот на булеварот „Борис Трајковски“, од каде продолжува кон следната фаза. Предвидено е и проширување на улицата „Пролет“, на потегот од ПС Пролет до Тутунскиот комбинат, со дополнителна коловозна лента. Раскрсницата на овој потег, од безбедносни причини, ќе биде уредена со два острови во форма на триаголник и три во форма на солза, со што значително ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. На потегот од улицата „Пролет“ кон Лимак, како и од Лимак кон булеварот „Борис Трајковски“, се воведува еднонасочен режим на сообраќај, додека на раскрсницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „11 Октомври“ ќе бидат поставени нови, современи семафори“, објави градоначалникот на Скопје.
Во наредните фази, додава тој, е предвидена изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“, како и уште два кружни текови на потегот меѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Јордан Мијалков“ (Железничка), како и проширување на булеварот „Св. Кирил и Методиј“.
„Паралелно со коловозната инфраструктура, се изведува и атмосферска канализација со поставување на повеќе од 60 шахти и сливници – значаен чекор кон поотпорна, одржлива и функционална урбана инфраструктура. Подземната сообраќајница ќе располага со шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај и две наменети за јавен превоз, како и дополнителни пешачки патеки. Со нејзиното пуштање во употреба се очекува значително намалување на метежот, побрзо и поефикасно движење низ централното градско подрачје и создавање на побезбеден, поуреден и покомфорен урбан простор“, стои во објавата на Ѓорѓиевски.

