Македонија
Изјавата на Арбр Адеми е трагикомична и може да послужи како пример на отсутен политичар, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Визионерските политики на ДУИ се јасни како бел ден дури и на милионерите внуци на Ахмети, ја ограбија и уништија државата и нејзините институции, па се кријат зад лажниот патриотизам. Изјавата на Арбр Адеми е трагикомична и може да послужи како пример на отсутен политичар, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако визијата на ДУИ е да се иселат над 150 илјади Албанци од државава колку што се иселени изминативе 20 години додека ДУИ е на власт тогаш јака визија имаат. Ако визијата е притоа милијардери да станат десеттина луѓе од раководството и милионери, уште стотина тогаш треба да ја патентирааг визијата. Ако визијата е да ги срушат институциите од внатре и да ги пљачкаат злоупотребувајќи ја власта моќта и довербата на нивните гласачи, тогаш јака им е визијата. Ако визијата им е да станат зелени пошто ги решиле сите етнички прашања па после први се за ЕУ без притоа да дадат еден проект за животна средина и една проевропска реформа, тогаш јака им е визијата. Поради визијата на ДУИ над 70 проценти од Албанците во државава живеат тешко и едвај поминуваат месец, работат макотрпно, а трудот не им се исплати додека овие од ДУИ со визијата се богатат екстремно“, посочуваат од партијата и додаваат:
„И конечно, ако е визија тоа што ДУИ ги има во скут криминалците од врвот на СДС и ги уценува да не можат да мрднат или кажат нешто нормално или да се спротистават на тоа што врвот на ДУИ и го прави на земјава, тогаш е тоа е вистинска визија. Не треба човек да е генијалец за да ги сфати визионерските политики на ДУИ. Едноставни се како што едноставно и нивното делување, кради и ако гледаш ќе те фатат и се ќе излезе на виделина, протестирај“,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

