Македонија
Илиевски се пожали и во Мисијата на ЕУ: Им објаснив како се плаќаат интелектуални услуги кај нас додека функцијата мирува
Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој беше деградиран на пониска позиција, откако откри дека тројца функционери на ДУИ незаконски биле унапредени и добивале пари за интелектуални услуги од тетовскиот универзитет, утрово беше на разговор во Мисијата на Европската Унија во Скопје.
Илиевски за „Макфакс“ по разговорот рече дека разговарал со раководителот на секторот за образование во ЕУ Инфо-центарот.
„Ги запoзнав со случајот и со целокупната состојба во која се наоѓа образованието кај нас“, рече Илиевски.
„Им објаснив како се унапредува кај нас и како се плаќаат интелектуални услуги во исто време додека функцијата мирува. Таква европска пракса да ти мирува функцијата, да те унапредуваат нема“, рече Илиевски.
За Илиевски беше поокрената дисциплинкса постапка поради тоа што тој ги обелодени незаконските унапредувања на тројцата државни функционери, министерот за образование и наука, Ареб Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, на државниот универзитет во Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

