Македонија
Илјадници дрва се уништени на Беласица, се затекнуваат пластика, лименки, изгорени гуми, туби
Здружението „Ја штитам Беласица“ апелира дека илјадници дрва се уништени на Беласица, а се затекнуваат пластика, лименки, изгорени гуми и туби. Од ова движење истакнуваат дека илјадници дрвја се распаѓаат а народот е приморан да плаќа астрономски цени за огревно дрво.
„Беласица погледната од друг ужасен агол. На минатонеделниот марш бевме сведоци и на лоши слики кои го разгореа жарот за посилна и радикална борба. Бевме сведоци како илјадници дрва се уништени(според нас на неплански начин) за профит на одредни структури кои се богатат на грбот на обичниот народ. Изминатата зима бевме ,,казнети’’ од т.н ,,Национални Шуми’’ сите ние што протестиравме јавно ни беше кажано дека дрвја и дозволи за нас тешко дека ќе има, жално е тоа што затекнавме илјадници дрвја кои ќе останат да се распаѓаат а народот е приморан да плаќа астрономски цени за огревно дрво. Исто, пластика, лименки, изгорени гуми, туби и милиони работи што не очекувавме дека ќе ги видиме на највисокиот дел од планината беа дел од пејсажите. Ако не го сопреме ова лудило, тоа ќе не сотре нас. Борбата ќе трае, ама на крајот ние ќе победиме. “, велат од ова здружение во својата објава.
Беласица е планина во југоисточниот дел на географскиот регион Македонија и е поделена меѓу државите Македонија, Грција и Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

