Македонија
(Видео) Именувани заменик-министрите во техничката Влада
Собранието попладнево со 97 гласа „за“ и ниту еден „против“ ги изгласа замениците и дополнителните заменик-министри во техничката Влада.
Славјанка Петровска за внатрешни работи, Санела Шкријејљ за труд и социјална политика, Цветан Трипуновски за земјоделство, Гордана Димитриеска-Кочоска за финансии и Невенка Стаменковска-Стојановски за информатичко општство, се новите дополнителни заменик-министри.
Во ресорите остануваат досегашните заменици-министри кои на собраниската седница беа исто така именувани: Беким Максути за одбрана, Агим Нухиу за внатрешни работи, Оливер Ристовски за правда, Неџад Мехмедовиќ за политички систем и односи меѓу заедниците, Андреј Жерновски за надворешни работи, Ширет Елези за финансии, Благе Цветковиќ за МЗШВ, Арменд Арслани за здравство, Елизабета Наумовска за образование и наука, Ѓонул Бајрактар за труд и социјална политика, Дејан Павлески за локална самоуправа, Владимир Лазовски за култура, Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација, Садик Беќири за транспорт и врски и Јани Макрадули за животна средина и просторно планирање.
По именувањето, замениците и дополнителните заменици – министри дадоа свечена изјава.Нивниот мандат, како и на претходно именуваните министри во техничката влада, ќе трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени парламентарни избори избори.
Претходно, Собранието со 101 глас „за“, без ниту еден „воздржан“ и „против“, ја избра новата техничка Влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 12 април во согласност со договорот на политичките партии. Премиер во техничката Влада е Оливер Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

