Македонија
Именуван нов заменик-градоначалник на град Скопје
На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски.
Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година.
Од Град Скопје информираа дека со оглед на тоа што во тек е вториот мандат на Трајановски како советник во Град Скопје, тој е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација.
Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ – АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот.
Воедно е стипендист на Институтот за јавни политики „Мајка Тереза“ поддржан од Европската Унија.
„Неговото искуство во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје“, велат од прес-службата на Градот.
Именувањето на Трајановски за заменик на Арсовска се случува откако вчера Бујаре Абази, која дојде од редовите на Алијансата за Албанците, поднесе оставка од оваа функција. Абази образложи дека не сака да биде во коалиција со Демократската унија за интеграција, по назначувањето на Арсовска двајца директори на градските јавни претпријатија од таканаречената „Огнена група“ на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес ќе биде погребан Зоки Панкер
Последното збогување со Зоран Тодоровски – Панкер, сопственик на клубот „Балет“ ќе се одржи денес, 5 јануари, на Градските гробишта Бутел.
Капелата ќе биде отворена од 13:00 до 14:30 часот, а погребот ќе се одржи по завршувањето на обредот во капелата.
„Скопје се простува со човек кој остави трага, дух и став. Нека почива во мир“, наведуваат неговите пријатели на социјалните мрежи.
Македонија
Мицкоски за Венецуела: Апсолутно стоиме до потезите на САД
Ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Мене најмногу ме зaгрижува громогласната тишина на истите тие европски и светски земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ.
Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска прашан за позицијата на нашата држава во однос на приведувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД, кое министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера го поздрави, наспроти воздржаноста на земјите во Европа кон оваа акција и нивниот став дека со неа се поткопува меѓународното право.
Во изјава за медиумите при посетата на Сопиште денеска Мицкоски кажа дека „таквиот коментар би им го оставил на експертите по меѓународно право“.
– И како тогаш сите тие се оглувеа и никој од нив не го коментираше сето тоа. И како сега наеднаш, сите тие коментираат дали било тоа меѓународно право или не било меѓународно право итн., имајќи предвид дека познавам голем дел од тие што коментираат, а не се меѓународноправни експерти. Јас тоа би им го оставил на експертите по меѓународно право. Но, еднаш кога во животот ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и е прашање на време кога ќе се удри од вашиот грб, рече Мицкоски.
На прашање дали е тоа преседан што отсега може да се случи каде било, Мицкоски повторно укажа на случајот со нашата земја и одговори дека „преседанот е направен уште кога се менуваше знамето на оваа држава за да биде земја членка на ОН“.
– Кога се менуваше Уставот, кога се менуваше уставното име и се лажеа луѓето дека за рок од три-четири години ќе станеме членка на Европската Унија, членка на НАТО итн. Тоа се вистински преседани… Имаше и Хашка пресуда дека не треба да се блокира Македонија, па се блокираше и тогаш имаше громогласна тишина од сите тие што денеска коментираат… А дали ова е преседан или не е, ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави, изјави Мицкоски.
Македонија
Жената која го усмрти човекот во Волково воопшто не обрнала внимание на пешаците, велат од ОЈО
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил мерцедес, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.

