Македонија
Именувањето на ексразузнавачот Булатовиќ за амбасадор би било провокација, смета Алијансата за Албанците
Алијансата за Албанците проценува дека именувањето на Раде Булатовиќ, поранешен шеф на српската разузнавачка служба БИА, на позиција на амбасадор на Србија во Скопје би било тешка провокација за Македонија како земја и особено, како што велат, за Албанците поради фактот дека во крвавите настани од 27 април се покажа директно вклучување на српската разузнавачка служба.
„Апелираме до премиерот Зоран Заев, како и до претседателот на државата, министерот за надворешни работи и претседателот на Собранието да дејствуваат и да ги преземат сите неопходни мерки за да не се прифати една таква провокација без претходно да се обелодени улогата на српскиот вработен во амбасадата кој беше дел од толпата која насилно влезе во Собранието на 27 април, каде меѓу другите настрадаа и претседателот на Алијансата Зиадин Села и сегашниот премиер Зоран Заев“, велат од Алијансата за Албанците.
Партијата, исто така, смета дека ДУИ не треба да молчи пред таквата провокација, туку, како што велат, треба да преземе политичка одговорност и да го оправда учеството во власта.
„Алијансата за Албанците како единствена во албанската опозиција нема да молчи пред таквата провокација, но ќе ги преземе сите неопходни политички активности, особено во соработка со меѓународната заедница, ЕУ и САД“, се вели во соопштението.
Булатовиќ е актуелен српски амбасадор во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

