Македонија
(Видео) Имот и пари ќе бидат конфискувани од Јанева и Јовановски, но и од нивните семејства
Судијката на случајот „Рекет“, Васка Николовска-Масевска, посочи дека од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева ќе биде конфискуван имот. Таа кажа дека имот ќе се конфискува и од членови на нивните семејства на кои им биле давани пари и предмети, а обвинетите ги прибавиле со сторување на кривичните дела за кои се осудени.
„Од обвинетата Катица Јанева се конфискуваат непосредната и посредна имотна корист прибавена со кривичното дело во износ од 50.000 евра стекнати со сторување на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување. Од сторителите ќе се конфискува друг имот кој одговара на вредноста на прибавената корист, која е остварена со сторување на кривичното дело.
Имотната корист ќе се конфискува и од членовите на семејството на сторителите на кои е пренесена, а за кои е очигледно дека не дале надоместок кој одговара на надоместокот за прибавената имотна корист на двете лица, ако не докажат дека за предметот или имотот дал соодветен надоместок, кој одговара на вредноста на прибавената имотна корист“ , рече судијката Николовска-Масевска.
Таа додаде дека од Јанева и Јовановски ќе бидат одземени и предмети кои се употребени при сторување на кривичните дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

