Македонија
Инспекторите затворија градилиште на Водно
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар затвори градилиште на Водно, односно на улицата Христо Чернопеев бб.
Овластен градежен инспектор доднесе решение, со кое му се наредува на инвеститорот, физичко лице со живеалиште во Струга, во законски предвидениот рок да прекине со сите градежни активности и да ја отстрани градбата.
Се работи за објект од втора категорија со намена А1 – домување во станбени куќи, со димензии 11,8 на 8,9 метри, изграден од армирано-бетонска конструкција на улицата Христо Чернопеев бб, дел од локалитетот Тасино Чешмиче 1 и Тасино Чешмиче 2.
На инвеститорот на објектот, овластен градежен инспектор, на 20.7.2021 година му издал решение, со кое му се наложува итен прекин на градежните работи. И покрај добиеното решение за прекин на изградбатата, инвеститорот продолжил со изградба на објектот спротивно на издаденото одобрение за градење и заверениот основен проект.
Врз основ на член 134, став 1, алинеа 3 и 4 и член 137 став 1 од Законот за градењето, овластен градежен инспектор, постапувајќи по службена должност, изврши контролен инспекциски надзор и донесе решение со кое му наложи на инвестирот во зададен рок да ја отстрани градбата. Во спротивно Општината ќе пристапи кон присилно административно извршување, со што трошоците од извршувањето ќе паднат на товар на инвеститорот.
Oпштина Центар упати апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, како во овој случај, така и понатаму, Општината присилно ќе ги отстранува објектите, со што трошоците за отстранувањето паѓаат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените и изградени објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица.
Македонија
Севдаил Демири и Ресул Шабани добитници на наградата „22 ноември“
Утре во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.
Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2025 година се проф. д-р Севдаил Демири, истражувач, публицист и поет, и Ресул Шабани, писател.
Македонија
Единствена Македонија: Уставниот суд се мајтапи со народот
Единствена Македонија најостро реагира на денешното соопштение на Уставниот суд со кое на отворена сцена се мајтапат со народот пишувајќи дека судијката Добрила Кацарска е судијка со интегритет, самостојност и независност, велат од партијата.
„А што може да се очекува од еден Уставен суд кога сите уставни судии се дојдени во овој суд по линиии кои немаат никаква врска со знаење, способност и достигнување. Цела Македонија знае дека Добрила Кацарска дојде во Уставниот суд преку непристоен и срамен пазар – наменска осуда на лицата за 27 април во замена за функција во Уставниот суд. Добрила Кацарска е дел од поблемот и решението е во нејзиното бркање од судот со што ќе се раскине со темното минато. Цела Македонија знае дека марионетата Зоран Заев ја испорача ветената награда до Добрила Кацарска со претседателско место во Уставниот суд за успешно завршената работа за наменската осуда на македонските патриоти како што се Вилијам Михајловски Гајда и останатите за 27 април на затворска казна од два века затвор“, се наведува во соопштението од Единствена Македонија.
Од таму велат дека изборот на Кацарска за судијка во Уставниот суд ја потврдува и поразителната вистина дека Македонија се држи на линијата на темното минато кога за нарачани судски одлуки следувала награда за судски функции.

