Македонија
Инспекторите извршија 5.228 контроли, затворени се шест угостителски објекти
Во периодот од 8 до 14 февруари, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за лекови и медицински средства и Државниот инспекторат за животна средина, спроведоа вкупно 5.228 контроли и надзори во целата држава.
Државниот пазарен инспекторат спроведе 3.437 контроли и 812 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и материјалните закони во надлежност на овој инспекторат.ДПИ изрече 32 прекршочни пријави, 98 платни налози и 107 решенија. Од овие 107 решенија, шест решенија се поради прекршување на здравствените протоколи, односно едно е поради непочитување на дозволено растојание и пет поради непочитување на работното време. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 132 надзори, врз основа на кои изрече 20 решенија. При тоа, во посочениот период ДСЗИ издаде вкупно 4.414 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на Ковид-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица, со што продолжува трендот на опаѓање на решенија за изолација.
Во последните седум дена Инспекторат за транспорт изврши 51 надзори, при што издадени се шест прекршочни пријави, три решенија и еден платен налог за непочитување на материјалните закони. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, не се констатирани прекршувања.
Државниот инспекторат за труд изврши 415 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, за контрола на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места, како и на материјалните закони по кои постапува овој инспекторат. Притоа изречени се 14 решенија и 12 платни налози, поради непочитување на Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, и поради неносење на заштитна маска на работно место. При надзорите не се изречени прекршочни пријави.
Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во периодот од 8 до 14 февруари, спроведе 15 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона и при истите не се констатирани неправилности.
Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 305 надзори, при што издадени се 13 решенија,3 платни налози и 25 едукации, по основ на констатирани недостатоци како, небезбеден производ, неизвршени здравствени прегледи,неводење на записи,неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи и неправилно означување на производите.
Државниот инспекторат за животна средина, во истиот период изврши вкупно 61 надзор. При тоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите изрекоа 24 решенија пради прекршувања на Законот за животна средина, Законот за води и Законот за управување со отпад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јелиќ и Кајмакоски се разделиле околу два по полноќ пред клубот кадешто настапиле, потоа пејачот бил киднапиран
Пејачот Даниел Кајмакоски синоќа беше киднапиран на улицата Караѓорѓева во Белград, а драмата се случила пред клубот во кој настапувал. Нешто малку пред киднапирањето, со него бил Алекса Јелиќ, кој сега се огласи за „Блиц“.
Како што раскажа, вечерта била вообичаена и тие двајцата се разделиле по настапот.
„Настапувавме, но немам никакви информации, освен она што и вие го имате. Важно е дека човекот е жив, здрав, дека е како што треба. Тоа е најважно, а останатото не можам да го коментирам“ рече Алекса Јелиќ, а на прашањето дали се слушнале, додаде: „Не, се разделивме синоќа меѓу еден и пол и два часот и оттогаш не успеавме да се слушнеме“ наведе тој за „Блиц“.
Претодно со официјален допис се огласи Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски. Таа рече дека утрово разговарала со него по ноќта помината во полициска станица. Потврди дека пејачот бил киднапиран синоќа во близина на „Бетон хала“ во Белград и сега е дома, но потребен му е мир.
Според досегашните информации, киднаперите се движеле во правец кон Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да го запре возилото. Во обид да избегаат, тие удриле во банкина, излегле од автомобилот и побегнале. Даниел бил пронајден врзан, а потоа поминал неколку часа во полициска станица, давајќи искази за настанот.
Српските медуими во текот на денот објавија и видео од полициската потера, а разговараа и за мајката на Кајмакоски, која изјави дека е во шок.
Македонија
(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година
Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028 година, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Станува збор за нов договор меѓу Владата и синдикатите УПОЗ и САДУ, за кој Мицкоски оцени дека претставува историски момент, бидејќи, како што рече, никогаш досега немало толку јасен и временски прецизиран план за усогласување на платите и нивно достоинствено ниво.
„Ова е поширок пакет кој ќе ги опфати вработените во администрацијата, судовите и обвинителствата – вкупно околу 11.000 луѓе. Договорот има рок до 2028 година и претставува целосна регулација на односите меѓу Владата и вработените во овие институции“, изјави Мицкоски.
Тој потсети дека Владата веќе има постигнато слични договори со вработените во образованието и здравството.
Мицкоски најави дека паралелно ќе се работи и на нов општ колективен договор, во соработка со репрезентативните синдикати ССМ и КСС.
Македонија
Нелегален објект на аеродромот Стенковец, Николоски соопшти дека ќе бара конфискација
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека ќе почне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на спортскиот аеродром Стенковец во Скопје.
„Во координација со повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат и Аероклубот на аеродромот Стенковец – ќе се започне постапка за конфискација на објектот кој е целосно нелегално изграден на државно земјиште“, објави Николоски на својот фејсбук профил.
Тој информира дека ќе биде побарано од Обвинителството и Судот објектот да се одземе во корист на државата, со намера да се стави во функција на Агенцијата за цивилно воздухопловство – за обука на пилоти и други потреби поврзани со воздухопловниот сектор.
Николоски нагласи дека Министерството за транспорт, како институција надлежна за објекти од прва категорија како аеродроми, болници, универзитети, спортски сали и стадиони, „сериозно пристапува кон решавање на проблемот со нелегално изградени објекти“.
„Ова е јасна порака дека нема да се толерира нелегална градба на места каде што Министерството и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност“, заклучи вицепремиерот.

