Македонија
Инспектори ќе контролираат дали се почитуваат здравствените протоколи за време на викендот без ДДВ
Инспекциските служби за време на викендот без ДДВ, ќе продолжат со интензивни контроли на терен во делот на почитување на здравствените протоколи, како и на цените на производите.
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе спроведува контроли со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите, информираат од Владата.
„Конкретно, ДПИ ќе врши контрола дали цените на производите воведени во трговските книги на трговците соодветствуваат со истакнатите цени на производите. Паралелно со тоа, ДПИ ќе спроведува интензивни контроли во однос на почитување на здравствените ковид-протоколи во моловите и трговијата на мало (маркети, бутици итн.). Конкретно, дали во моловите се почитуваат мерките во делот на одржување физичко растојание меѓу купувачите и продавачите од 2 м, работното време, дали е обезбедена заштитна опрема (маски и ракавици), одржување ред за влез во продавниците, обезбедени средства за дезинфекција, редари, регулирање на бројот на купувачи во согласност со квадратурата на продавницата, ред при пробување во продавниците за облека, обeлежани места за чекање пред касите и друго.
Во делот на трговијата на мало, ќе се контролираат почитувањето на протоколите во однос на запазување на големината на објектот и дозволеното присуство на бројот на купувачи, заштитната опрема за вработените (маски и ракавици), редарската служба, соодветните ознаки за правец на движење. За непочитувањето на здравствените протоколи, предвидени се глоби во зависност од големината на трговците“, се наведува во владиното соопштение.
Инаку, на последната владина седница се усвоија измените на Законот за заштита на населението од заразни болести со кои сите инспекциски служби ќе добијат нови поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид-протоколите.
Досега само Државниот здравствен и санитарен инспекторат имаше овластувања да изрекува мерки, а другите инспекциски служби само поднесуваа кривични пријави. Со новите законски измени вакво овластување за изрекување забрана за работа и прекршочен платен налог добиваат и Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и другите инспекторати на централно и локално ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

