Македонија
Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет
Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет Амети.
Илиевски при инспекцискиот надзор на Правниот факултет при ДУТ утврдил дека тројца државни функционери – министерот за образование и наука, Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нихиу, и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, незаконски биле унапредени.
Тој извршил и контролен надзор, а денеска закажал т.н. порамнување, но бидејќи тетовскиот универзитет не постапил во согласност со неговите барања да им бидат поништени звањата на функционерите, тој поднесе прекршочни пријави.
Државниот просветен инспекторат му предложи на директорот Томе Спировски дисциплинска мерка за инспекторот Илиевски зашто ја информирал јавноста за случајот, а постапката не била завршена. Тој, пак, смета дека тоа била негова обврска и дека му влијаеле и му се заканувале ништо да не говори во јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

