Македонија
Институтот за радиологија доби нов апарат за компјутеризирана томографија
Во ЈЗУ Институт за радиологија, во радиолошкиот оддел на хируршки клиники, денес е инсталиран и пуштен во употреба нов апарат за компјутеризирана томографија (КТ), SIEMENS, модел SОМАТОМ GONOW.
„Овој 32-слајсен компјутерски томограф од новата генерација КТ-скенери треба да овозможи значителен напредок во дијагностиката на КТ-одделот при хируршките клиники и ургентниот центар. Апаратот ќе ги опслужува и потребите на другите клиники од кампусот ‘Мајка Тереза’ имајќи предвид дека е единствен КТ-апарат за време на ноќните дежурства, викендите и државните празници“, соопшти Министерството за здравство.
Како што велат, се очекува со новиот КТ-апарат да се скрати времетраењето на прегледот, со подобра резолуција на добиените резултати и детекција на најситните промени.
„Се овозможуваат поголем број дијагностички процедури за сите органи и системи, како и брзо достапни КТ ангиографски иследувања, кои се од особено значење за политрауматизираните пациенти, како и акутните васкуларни настани.
Брзата и детална КТ-слика дава можност за итен и соодветен натамошен третман на пациентите“, се наведува во соопштението.
Покрај ургентната патологија, овој апарат, како што е наведено, овозможува и пософистицирани прегледи, кои се потребни за лежечките клинички пациенти како виртуелна ендоскопија, ангиографско снимање на крвните садови со можност за дигитална суптракција и планирање васкуларни интервентни процедурии изведување пункции, биопсии, дренажи водени со КТ итн.
Со инсталирање на оваа опрема се овозможува автоматско менаџирање на дозата на зрачење, во зависност од големината на пациентот и анатомијата, со што се намалува дозата на зрачење и до 40%.
Софтверските можности на апаратот овозможуваат обработка на добиените податоци со реконструкција и 3Д-приказ за сите прегледи со значително скратување на времето на процесирање на истите.
Апаратот за КТ е набавен со сопствени средства на ЈЗУ Институт за радиологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

